„Ал Каеда“ може да урне авиони во САД, предупредува поранешен заменик шеф на ЦИА
Објавено во: Свет 12 Мај, 2015 20:11
„Ал Каеда на Арапскиот полуостров“ може да собори патнички авиони во американското небо. Ова го пишува поранешниот заменик-директор на ЦИА Мајкл Морел во својата нова книга, која од денеска е во продажба, објавена од руските медиуми.
„Грубо кажано, нема да бидам изненаден ако“ Ал Каеда на Арапскиот полуостров „утре собори американски патнички авион, кој патувал од Лондон за Њујорк, или од Њујорк до Лос Анџелес, или некаде на друго место во САД“, пишува Морел.
Новата книга на Морел, насловена како „Големата војна на нашето време: Борбата на ЦИА против тероризмот“ - од „Ал Каеда“ до „Исламска држава“, раскажува за најголемите американски антитерористички настани, вклучувајќи го и одговорот на терористичките напади од 11 септември, 2001 година, како и седниците во Белата куќа во врска со ликвидацијата на поранешниот лидер на „Ал каеда“ Осама бин Ладен.
Морел го споменува водечкиот творец на бомби Ибрахим Асирија како „најопасниот жив терорист“. Наводно, Асирија е одговорен за изработка на посебна бомба, користена од неговиот брат Абдула Асирија, кој не успеа да собори авион, кој патувал за Детроит на Божиќ во 2009 година.
„Тој е мајстор на својот занает и тој е зло“, нагласува поранешниот заменик-шеф на ЦИА.
„Ал Каеда на Арапскиот полуостров“ е формирана во 2009 година, кога гранките на терористичката група во Јемен и Саудиска Арабија се сплотуваат во една организација. „Ал Каеда на Арапскиот полуостров“ се стреми да ги тргне од власт владејачките луѓе во Саудиска Арабија, како и јеменската влада,а како главни цели на групата се нафтените објекти, странски државјани и силите за безбедност.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




