Алармантна состојбата во хрватското сточарство
Објавено во: Агробизнис, Балкан
06 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Сушната година ги осиромаши хрватските земјоделски стопанства. Агроекономистите во Хрватска предвидуваат екстремно лоша година за земјоделството. Според нивните проценки прво ќе пропаднат сточарите, а потоа поледелците. На домашниот пазар има месо дури повеќе од потребите, а причината е поради тоа што поголемиот дел од сточарите не можејќи да ја издржат кризата, наместо за млеко, добитокот го носат во кланица. Предвидувањата се аларматни, следната година ваквата состојба ќе придонесе за недостиг од млеко и месо, а цените може да пораснат и за 100 отсто. Според податоците од хрватскиот Државен завод за статистика, приносите од пченка годинава ќе бидат помали за 25 отсто во споредба со ланската година, 4 отсто помалку родил сончогледот, а за 18 отсто се помали приносите од шеќерна репка. Добиточната храна поради лошиот квалитет веќе поскапува, па земјоделците ќе бидат принудени да ги зголемат цените на финалните производи, за да ги покријат трошоците. Ваквите катастрофални приноси, веќе го намалија и примарното производство на млеко во Хрватска.
Земјоделците предупредуваат дека и земјоделската механизација веќе е застарена,што дополнително придонесува за правење штети особено во поледелството. Бараат Хрвтаската Владата итно да интрвенира со соодветни мерки, бидејќи во спротивно ќе ги изгуби двете најголеми земјоделски гранки, сточарството и поледелството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.