Алармантно: Банките во Македонија не можат да наплатат половина милијарда евра!
Објавено во: Економија 05 Декември, 2012
Јанчевски изјави дека од почетокот на годинава до ноември салдото на нефункционалните кредити се зголемило за 19 отсто или за 62 милиони евра, со што нефункционалните кредити изнесуваат 11% од вкупното кредитно портфолио. Како извор на раст на овие кредити, Јанчевски го посочи приватниот сектор.
“Речиси целиот пораст годинава е од делот на фирмите, додека порастот кај населението е минимален. Процентот од 11% е сеуште толерантен за споредба со опкружувањето Србија и Хрватска со 20%, Црна Гора со 18,5%, Словенија со 13,2%, Бугарија 23%. Но секој си го бере своето гајле, за нас е битно како да го запреме овој негативен тренд кој трае повеќе од две години“ – изјави првиот човек на здружението. “Иако прогнозите за идната година се доста песимистички мислам дека би можеле да гледаме и пооптимистично доколку се остварат поголемите странски инвестиции и најавените инвестиции во инфраструктурата“ – порача Јанчевски. Редакција Фактор