АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ПОЛСКА: Русија ќе го нападне НАТО за три години?
Објавено во: Свет 05 Декември, 2023
Полска тврди дека Русија за три години ќе го нападне НАТО.
Полската Агенција за национална безбедност предупреди дека рускиот напад врз НАТО може да дојде порано од очекуваното. Шефот на Бирото за национална безбедност Јацек Сиевиера ја отфрли проценката на германски тинк-тенк дека Русија би можела директно да го нападне Западот за само шест до 10 години.
„Ако сакаме да избегнеме војна, земјите на НАТО на источното крило треба да усвојат пократок, тригодишен временски период за да се подготват за конфронтација“, рече Сивиера во интервју за полските медиуми, пренесува Sky News.
Минатиот месец германскиот совет за надворешни работи предупреди дека Русија може да изврши инвазија на земја на НАТО во рок од шест години. Се додава дека на германските вооружени сили им треба „квантен скок“ за да се подготват за тоа.
Руските политичари упатуваа навреди и кон Полска откако почна руската инвазија на Украина лани на 24 февруари.Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев минатиот месец предупреди дека дејствијата на Полска може да доведат до директна конфронтација со Русија и Белорусија и „да започнат Трета светска војна“.