26 Ноември, 2024
0.0244

АЛАРМАНТНО: СЗО загрижено за состојбата со коронавирусот на Балканот

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација е загрижена за состојбата со коронавирусот во нашиот регион. 

СЗО денеска предупреди дека Балканот е ново жaриште на коронавирусот. Претставниците на СЗО рекоа дека биле „зaгрижени за Балканот од почетокот на јуни“, поради големиот прилив на туристи во овие области и зголемувањето на бројот на нови случаи. 

„Мора да преземеме соодветни чекори за да се обидеме да спречиме појава на инфекција“, кажа д-р Кетрин Смалвуд од СЗО. 

Вели дека се следат сите бројки кои во Хрватска растат цела недела, што ќе предизвика хистерија кај Британците кои веќе се во Хрватска или планираат одмор таму.

Слична судбина,  ја чека и Грција. Бројките растат и кај нив, но сè уште не се драматични. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-7, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-10, Велес-2, Охрид-3, Гостивар-11, Гевгелија-3, Крива Паланка-3, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-8, Делчево-3, Свети Николе-4 и Кичево-3.

Србија има 169 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, а тестирани се 11.618 лица.Три лица починаа од коронавирус.

Во Босна и Херцеговина десет лица починаа од како последица на коронавирусот во последните 24 часа, седум во федерацијата БиХ и тројца во Република Српска.

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 265 новозаразени со коронавирус и еден смртен случај од Ковид-19. 

Од почетокот на пандемијата во Црна Гора, коронавирусот ги однесе животите на 81 жител. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Општа тепачка во српското Собрание

Општа тепачка во српското Собрание

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

АЛБАНИЈА: Изборниот материјал ќе биде и на македонски јазик

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

СРБИЈА: Приштина гради уште една нелегална полициска база

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

НА ЗАБАВА ДОНЕЛ РАЧНА БОМБА: Едно лице загина, а 4 се повредени во експлозија во Хрватска

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ И ВО ЗАГРЕБ – ПАДНА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ФАСАДАТА НА ГЛАВНИОТ ПЛОШТАД: Загрозена безбедноста на минувачите (ВИДЕО)

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди

„ОВА Е МОЕТО ОМИЛЕНО МЕСТО“ Вучиќ откри зошто работи за викенди