АЛАРМАНТНО ВО КАВАДАРЦИ, 10 НОВИ ПОЗИТИВНИ: Тинејџери од 18 и 19 години заразени со Ковид-19, не ги кажуваат контактите
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2020 11:43
Најголем број
новозаразени со корона вирусот од почетокот на епидемијата има денеска во
Кавадарци. Дури 10 нови се позитивни на ковид, потврди за Фактор, д-р Ристе
Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје на Кавадарци.
-Од десетте нови случаи, шестмина се тинејџери од 18 и 19 години. Младите не ги почитуваат мерките за заштита, а се групираат, излегуваат се друѓат, заради што и не знаат да кажат од кого се заразиле. Некои од нив ни рекоа дека имале болен во семејството, но останатите не ги кажуваат контактите, за ради што многу е тешко да се воведе контрола. Инаку, сите тинејџери се на домашно лекување, со лесни симптоми, некои дури се и асимптоматски. Како и да е, очелуваме да се зголеми бројот на заразени бидејќи кафулињата во градот се полни, гужва е насекаде, а маска ретко кој носи, вели д-р. Јовановски.
Тој појаснува дека останатите четворица новоинфицирани исто така се млади луѓе на возраст од 30, 33, 38 и 51 години, а истовремнено додава дека голем е и бројот на граѓани во Кавадарци лои чекаат да направат тестирања, односно да им се земе брис за Ковид-тест.
Во моментов во Кавадарци има 31 активни случаи, а во општата болница нема инфективно одделение, па доколку е потребна хоспитализа ција на пациентите ги носат или во болницата во Велес или пак во Скопје.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




