24 Ноември, 2024
0.0299

АЛАРМАНТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНЦИДЕНЦАТА НА РАК НА КОЖАТА: Изгорениците од сонце во детството може да доведат до развој на меланом, д-р Зафировиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Временската прогноза без исклучок секогаш завршува со информација за УВ индексот кој го покажува интензитетот на штетните ултравиолетови зраци од сонцето и во текот на летните месеци индексот е многу висок, односно се движи околу 8, 9 па и 10. Ваквата информација секогаш е во насока на предупредување граѓаните да не се изложуваат на сонце токму во период кога зрачењето е најсилно, односно кога сончевите зраци се најштетни и може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Податоците од релевантните институции во врска со инциденцата и морталитетот во Македонија покажуваат значително зголемување на ракот на кожата. На оваа тема Фактор разговараше со д-р Зорица Зафировиќ, специјалист дерматовенеролог од Клиниката за кожни болести во Скопје.

-УВ-Б зрачењето е најјако, додека УВ-А зрачењето е присутно во текот на целата година. Со прекумерна експозиција, односно со преголемо изложување на сонце и едното и другото имаат негативен ефект за кожата. Граѓаните обично се изложени на сонце поради вообичаени рутински активности, но постои и рекреативно изложување, во тек на спортски активности на отворено, како и професионално изложување на сонце, како што е случај со градежните работници, земјоделците, рибари, поштари...Она на што би сакала да обрнам внимание е намерното изложување на сонце заради добивање потемен тен, а освен на годишните летни одмори и викендите, дел од популацијата користи и солариуми, кои ние дерматовенеролозите практично маскимално се обидуваме да го ограничиме одењето во солариуми. Во некои земји се забранети. Дерматолозите ја забрануваат посетата на солариумите, бидејќи современите научни студии ги потврдуваат штетните ефекти од ув-зрачењето, како од сонцето кое е природен извор, така и од користењето на солариумите. И  СЗО ја потврдила ултравиолетовата радијација како фактор за појава на канцер на кожата, вели д-р Зафировиќ.

Иако голем дел од граѓаните, особено женската популација смета дека добивањето на потемен тен е симбол за привлечност и добро здравје, д-р Зафировиќ потенцира дека вквото мислење е сосема погрешно.

-Напротив, потемнувањето е само знак на оштетување на кожата од УВ зраци. Долгорочно, тоа резултира со фотостареење и можност за појава на карциноми. На Запад, на пример, бидејќи буквално е епидемија од кожни карциноми, тој тренд е толку напуштен и им кажуваат на младите со пораки дека темниот тен не е во мода, дека ќе изгледаат постаро. Некако бираат пораки кои најдобро ќе ги доближат до младите, зошто ако на млад човек му се каже „ќе добиеш рак на кожа, нема да не разбере, односно, нема да послуша. Кожата има неизбришлива меморија за изложеноста на УВ зраците. Со текот на годините, акумулираното оштетување на клетките не можат да се „поправат“ и тој процес всушност е причина за предвремено стареење на кожата. Многу е важно да се истакне дека постои еден долг период, од околу 15 до 40 години, во кој клетките може да се трансформираат во малигни. Посебно ризична група се лица со светол тен, светли очи, светла коса, потоа лица, кои во детството имале изгореници од сонце, тие кои што имаат семејна историја за карциноми на кожа. Детството и адолесценцијата се најкритични период од животот кога младите се најизложени на сонце. И ако се стекнуваат со изгореници секоја година, ако тоа често се повторува, тогаш ризикот за појава на рак на кожа во подоцнежните години се зголемува. Ракот на кожата е глобално јавно здравствен проблем, инциденцата е се поголема. Податоците и во нашата земја покажуваат дека има значителен пораст на пациенти со канцер на кожа, посочува д-р Зафировиќ.

Таа нагласува дека од особена важност за намалувањето на ракот на кожата е раната детекција, раното откривање. Тоа посебно се однесува на животозагрижувачкиот канцер на кожата, меланом, кој има потенцијал за метастазирање.

-Затоа поттикнување на едукацијата за ова заболување кај младата популација е од исклучително значењеи. Инциденцата на меланомот во полседните години е со алармантно зголемување во светот. Тоа е факт. Причината за појава не е позната, но познати се факторите на ризик за зголемената инциденца. Освен генетските фактори, ризикот за појава на меланом секако е прекумерното изложување на штетните зраци на сонцето. Постојат евидентни докази дека сериозните изгореници во детството и адолесценцијата, може да доведат до појава, развој на меланом години подоцна, секако како резултат на мутациите на гените индуцирани од УВ зраците. Значи, ризикот од развој на меланом, може значително да се намали со превенција од прекумерно изложување на сонце, потенцира д-р Зафировиќ.

Најдоброто оружје во борбата против меланомот и другите карциноми на кожата, како што вели таа, е раното откривање на сомнителните лезии, а тука лежи и суштината на успешната терапија, успешното излекување.

-Ако ракот на кожата се открие во ран статиум, лекувањето е успешно. Основна е конторлата на кожните промени. Тоа може индивидуата да го прави сама, периодично, како и дерматолошки преглед на сомнителните промени, вели д-р Зафировиќ. И

Иако, меланомот за разлика од другите канцери на кожа поретко се јавува, тој е животозагрозувачки  и е причина за најголем број (75%) смртни случаи предизвикани од рак на кожа. 

Анита Буховски

ФОТО: YouTube Print Screen

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина