17 Декември, 2025
0.0429

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2025 22:32

Добивај вести на Viber

КОЦЕВСКИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата.

Коцевски на прес-конференцијата во ЈОРМС, го оцени како политичка одлука предлогот за негово разрешување што треба да се разгледува на денешната собраниска седница.

Кажа дека од функцијатра што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“. Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.

МВР ОТВОРА ШАЛТЕР ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Министерството за внатрешни работи(МВР) ги известува граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

СДСМ ИЗБРА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ

На седницата на Централниот одбор СДСМ го избра новото раководство на партијата. Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, како предлози на претседателот Венко Филипче.

Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството се враќа и Ана Чупевска, која ќе го предводи новооформениот советодавен совет на партијата.

ЌЕ ИМА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ЗА СМРТТА НА НОВОРОДЕНЧЕТО

Вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор иницирал министерот за здравство Азир Алиу во врска со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство.

- Министерството за здравство во врска со случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство најпрво изразува сочувство до родителите. Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот  Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Возачот кој е под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци не смее да управува со возилото во сообраќајот на пат, ниту да започне да управува со возило. Ќе смета дека е под дејство на опојни дроги или психотропни супстанци, лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење ќе се утврди присуство на овие средства во неговиот организам.

Министерството за финансии на „Бехтел и Енка“, изведувачот на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, ќе му исплати уште екстра 15 милиони евра до крајот на годината како вишок на средства кои останале непотрошени а првично во буџетот биле предвидени за други намени. 

Лани 1.002 мажи од Македонија склучиле бракови во странство. Најголем дел од нив се венчале во европските земји и тоа во Швајцарија, Германија, Србија. 

Додека на македонските гранични премини чекаат „илјадници“ мигранти да ја „преплават“ оваа недопрена земја, што легални што нелегални, власта и дел од опозицијата водат битка преку собраниски резолуции за одбрана на домот. 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“