05 Декември, 2025
0.0305

Албанија дозволи влез со полн резервоар гориво, укината забраната за македонските камионџии

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2012 18:19

Добивај вести на Viber

Република Албанија ја укина одредбата со која на македонските превозници на стока, при влез на територија на Албанија им беше забрането да имаат над 200 литри гориво. Укинувањето на мерката беше постигнато на пријава на асоцијацијата на транспортери „Макамтранс“, а во соработка со ресорните Министерства  и Царинската управа.

„Овој режим на контрола на горивото во резервоарите што важеше на граничниот премин Ќафасан, превозниците го оценија како нестандардна мерка за нееднаквост на цените на производите кои се превезуваат. Заемните напори на повеќе државни институции вродија со плод и од 23 овој месец е укината забраната, со што товарните возила ќе можат да влегуваат на територија на Албанија со полни фабрички вградени резервоари“ истакна портпаролот на Минисетрството за транспорт и врски, Драган Симоновски.

Како што посочија од Министерството за транспорт и врски, укинувањето на забраната за влез на македонските превозници на стока во Република Албанија со повеќе од 200 литри гориво во фабрички вградените резервоари  ќе овозможи поефикасно работење на транспортните компании, но и заштеда на средства, пред се заради фактот што македонските превозниците од Албанија немаат можност да го вратат платениот износ за ДДВ, а и цената на горивото е повисока за 1,8 центи по литар. Освен последната, како други поволности за транспортерите од министерството за транспорт и врски ги споменуваат и укинување на режимот на транспортни дозволи со повеќе земји со кои Република Македонија остварува економска размена, утврдување дополнителни дозволи онаму каде што е констатиран дефицит и намалување на нелојалната конкуренција, односно на дивиот превоз.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“