19 Декември, 2025
0.0480

АЛБАНИЈА СО ОФИЦИЈАЛНИ ДЕТАЛИ: Груевски вака преминал граница

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 19:42

Добивај вести на Viber

 Албанија и официјално потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски за Унгарија заминал преку Албанија, пренесе МИА.

Секторот за граница и миграција при албанската државна полиција во вечерашното соопштение наведува дека Груевски Албанија ја напуштил преку преминот Хан Хоти-Муриќан,на албанско-црногорската граница.

– Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, соопшти албанската полиција.

Исто така, се наведува дека на денот кога Груевски бил на територијата на Албанија не постоела никаква потерница од Македонија или Интерпол.

– На 11 ноември 2018 година за лицето Никола Груевски не постоеше никаква информација на нашите премини или потерница дека се бара. Интепрол Скопје на 13 ноември во 19:35 часот испрати информација до Интерпол Тирана дека лицето Никола Груевски се бара со меѓународна потерница,- се наведува во соопштението.

Сепак во него  не се наведува ниту збор за тоа преку кој граничен премин Груевски влегол на албанска територија.

Медиумите претходно јавија дека од прегледот на TIMS системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку  официјален премин,што ја остава отворена можноста дека тоа да го направил  илегално преку зелениот појас, по што бил во унгарската амбасада во Тирана,каде и побарал азил.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата