01 Декември, 2024
0.0250

Албанија со препорака за кандидатски статус, регионот напредува

Објавено во: Анализа 10 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Веста дека еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, веднаш по пладневната прес-конференција во Брисел ќе допатува во Белград и Приштина јасно покажува што за ЕУ е приоритет во регионот. СРБИЈА добива потврда на кандидатскиот статус, но нема да добие датум за преговори без видлив напредок во „нормализацијата“ на односите со Косово. Германија инситира на уште еден услов - потпишување на договор меѓу двете земји, што Србија и понатаму го одбива. Во очекување во дијалогот за разрешување на клучното прашање на Балконот да се вклучат и шефиците на дипломатиите на ЕУ и САД, Кетрин Ештон и Хилари Клинтон, најверојатна е опцијата до решение да се стигне постепено во текот на самите преговори за пристапување кон ЕУ, кои Белград може да ги почне најрано во средината на следната година. Кога станува збор за Србија, извештајот на ЕУ содржи и низа критики и сугестии во врска со состојбата на правосудството, непостоењето на независни инситуции и подобрувањето на правата на малцинските заедници, првенствено Ромите и ЛГБТ популацијата. ЦРНА ГОРА беше ланската ѕвезда во Брисел. Во јуни ги почна преговорите за членство во ЕУ, а сега од неа се очекува уставни измени, демократски избори есенва и енергична борба со организираниот криминал и корупцијата. -Црна Гора веќе постигна многу. Сепак, пред неа има уште многу работа, а пристапните преговори нема да бидат лесни. Потребни ќе бидат повеќе конкретни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал - изјави еврокомесарот Шптефан Филе. ХРВАТСКА без поголем стрес го дочека последниот извештај за напредокот, пред формалното зачленување во ЕУ од средината на идната година. Брисел оценува дека земјата ги исполнува обврските од пристапните преговори, а во некои сегменти треба да вложи дополнителни напори. Хрватска ќе треба да се концентрира на подготовките за користењето на средствата од структурните фондови на ЕУ, да ги преструктуира бродоградилиштата, да го подобри владеењето на правото, јавната управа и правосудството, борбата против корупцијата и управувањето со границите, кои од јули 2013 година ќе бидат и граници на Унијата. АЛБАНИЈА веројатно е годишениот најголем добитник. Кандидатскиот статус и се насмевнува на земјата, но сепак конечната одлука ќе биде донесена во декември на состанокот на врвот на ЕУ. Забележано е подобрување, откако политичките партии во ноември лани ги оставија настрана нивните недоразбирања, но се напоменува дека парламентарните избори напролет ќе бидат важен тест за земјата. - Некогаш изолираната држава Албанија сега очекува целосно, основано и легално да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, а албанските граѓани да се движат слободно без визи во Европа - изјави албанскиот претседател Бујар Нишани. БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА и понатаму останува „болниот“ на Балканот. И годинава Европската унија забележува само „органичен“ напредок, што е далеку од очекувањата на Брисел. БиХ и понатаму останува функционално проблематична држава.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.