19 Декември, 2025
0.0631

АЛБАНСКИОТ БЛОК КАТЕГОРИЧЕН: Програмата на Заев е добра основа за нашите барања

Објавено во: Македонија 12 Март, 2017 12:03

Добивај вести на Viber

Трите албански партии - ДУИ на Али Ахмети, движењето Беса на Билал Касами и Албанскиот сојуз на Зијадин Села и останатите кои го поддржуваат создавањето на владејачка коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Зоран Заев официјално ја коментираа „владината програма на Заев“. 

Пред два дена во седиштето на СДСМ Зоран Заев прочита програма од 15 точки и го повика претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да се запознаат со неа. 

Со овој документ Заев сака да докаже дека нема да води политика која го става под прашање единството на Македонија и нема да се менува Уставот, државните симболи и албанскиот нема да стане официјален јазик на територијата на целата земја. 

„Многу е важно да биде извршена волјата на мнозинството гласачи кои многу јасно ги избраа фундаменталните промени и нов пристап за рамноправност. По однос на 15-те приоритети за одржување на програмата на СДСМ од „Албанскиот сојуз“ известуваат дека албанските партии вклучени во владината коалиција, ќе бидат многу последователни во вклучувањето на сите точки останати кои се од национално и граѓанско значење“, се вели во формацијата на Зијадин Села. 

Според „Беса“ програмата на СДСМ „е рамка која треба да се надградува за сите прашања кои се однесуваат на Албанците како втора најголема нација во Македонија“.

“Во оваа фаза Беса ќе се воздржи од коментари за деталите на програмата на СДСМ, бидејќи сеуште не е решено прашањето за доделување на мандат на лидерот на СДСМ. Откако оваа партија ќе добие мандат ќе ги кажеме нашите коментари и предлози“, се вели во пораката на партијата на Касами. 

„Употребата на албанскиот јазик на банкнотите и униформите одговара целосно на законот, како што тоа е и со пасошите за патување во странство останати кои се двојазични“, се вели во позицијата на партијата на Али Ахмети ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината