АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ НА СРЕДБА: Ќе ги разјасни ли ставовите албанскиот блок за влада со СДСМ?
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017
ДУИ, Беса и Алијансата за албанците-партиите од албанскиот блок кои преговараат со опозицијата за формирање на нов владин кабинет денеска ќе се сретнат.
Сите очи сега се вперени во ДУИ. Од Ахмети се очекува да го каже ставот за влада со СДСМ.
По денешната средба јавноста очекува конкретни ставови од албанскиот блок а според некои медиуми Зијадин Села е иницијатор на оваа средба и тој ќе барал официјализирање на албанскиот јазик.
Меѓутоа, за да се воведе двојазичност на цела територија тоа треба да се случи со двотретинско мнозинство, односно со поддршка на ВМРО ДПМНЕ, а сите го слушнавме ставот на Груевски и неговата партија дека тие не прифаќаат двојазичност.
Како што е познато овие денови Заев и Ахмети си праќаат предлози и забелешки, но во јавноста не излезе ништо конкретно, дали се работи за предлози од страна на двете партии и услогласување на ставот во однос на јазичното прашање.
Опозицискиот лидер Заев вчера посочи дека преговараат и дека гледаат се да биде во рамки и согласност на Уставот и Охридскиот рамковен договор.
Прочитајте и за ова: Ахмети и Заев пред договор за јазикот?