„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2024
Новинарот Фуркан Салиу продолжува да ги коментира настаните околу палењето на македонското знаме.
„Два три тензични денови но со неколку разумни одлуки тензијата се намали.
Паметна одлука да се одложат фудбалските натпревари.
Брзата реакција на МВР исто така позитивно влијаеше да се оладат главите.
Сепак, тоа што го читам на социјалните мрежи не дава многу надеж дека ваквите случаи нема да се повторат.
Последен пат пишувам за меѓуетнички теми. Секој си има своја вистина, свој свет и нека си тера.
Тешко се прифаќаат различностите во оваа држава.
-ОВА Е МАКЕДОНИЈА АКО НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА ПРЕСЕЛИ СЕ ВО КОСОВО ИЛИ АЛБАНИЈА...
Како може еден нормален човек ова да го напише? Од Цар Душан, Султан Мехмет, Цар Борис па се до Слободан Милошевиќ... Убиени, протерани, но сепак сме тука. Не можеш да избркаш човек од дома.
Како што не можеа да ги избркаат ниту Македонците. Апсолутно исти судбини како народи но никако да најдеме заеднички јазик.
-ТУКА СЕ РАЃААТ, ТУКА ЗЕМААТ ПЛАТА, ТУКА ГО ВАДАТ ЛЕБОТ И НА КРАЈ ГО ПАЛАТ ЗНАМЕТО.
Ова го пишуваат луѓе кои што растеле со Албанци и тоа е најголемата трагедија.
Добро е на ова да ви текне кога барате да си заминеме од државата.
Да, тука сум роден. Тука растев со Даниел, Стефан, Тони, Баже, Кико, Софија, Ане, Бојана.
Тука е роден мојот дедо, прадедо.
Знаеш, тие го немаа тој луксуз да се вработат во јавната администрација па мораа да заминат на печалба за да не хранат.
Тука плаќам даноци.
Тука работам секој ден по 12 саати за да добијам мизерна плата исто како и ти.
-ШТО БАРА ЗНАМЕ НА ДРУГА ДРЖАВА ВО МАКЕДОНИЈА?
Како прво, тоа знаме не е само на друга држава туку е национален симбол.
Од 15 век па се до денес тоа знаме ме претставува мене како Албанец.
Зошто боде очи толку навистина е несфатливо.
Ако јас имам албанско знаме како тоа одма значи дека не го почитувам државното знаме?
Ова лудило треба да престане... Моите предци правеле свадба со тоа знаме, мојот син и неговиот син, и неговиот внук истото ќе го прават.
Жално е што токму меѓуетничките односи се злоупотребуваат кога треба да се дефокусира.
Жално е што токму тие различности кои не прават уникатни во регионот не ги користиме како предност туку како тема за раздор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.