АЛЕКСАНДРА ЗА ФАКТОР од жариштето на коронавирусот во Ломбардија: Излегувам од дома само по потреба
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2020 12:47
Маркетите се полни, има залихи но внатре има право да влезе само еден човек, јавните места за собири се забранети до 3 април а на улиците и оние малкумина што ќе ги сретнете од стравот од коронавирус се заштитени со маски и ракавици.
На некои места како што е градот Бреша и околните села повремено може да се видат и полициски патроли кои дококлу ве сретнат ќе ве прашаат каде ќе одите и дали е итно.
Ваква е моменталната ситуација во италијанскиот регион Ломбардија каде во овој момент е најризично да живеете, не смеете да патувате или излегувате.
Токму од Бреша (Ломбардија) каде живее неколку години за Фактор Александра Ѓоргиева со директно сведоштво.


Училиштата овде како и во целата земја се затворени, кина, музеи, базени, спортски обложувалници и сите јавни настапи и собири се забранети до 3 април. Барови и ресторани работат со скратено работно време односно до 18 часот попладне“ , раскажува нашата соговорничка.

„Јавниот превоз функционира, но сите го избегнуваат. Возат и автобусите и возовите, но поради препораките не се користат. Се оди само на работа но и тоа некаде е зависно од фирмата, и некаде по итна потреба, а оние кои ќе се обидат да ја напуштат Ломбардија ќе се соочат со казни.
Во сабота и недела каде што има трговски центри отворени се само маркетите за храна“, вели Александра.

Таа додава дека епидемијата на ширење на коронавирусот ги обврзува сите на мерки за ограничување на слободата. Тоа секако се екстремни мерки, но мора да се покаже одговорност од сите, дури иако понекогаш е тешко да се сфатат такви драконски мерки кои никогаш не биле спроведени во таа земја.
Состојбата во Италија се менува од час во час.
Од синоќа во Ломбардија е избришана црвената зона а цела Италија или 60,5 милиони жители се во карантин. Оваа мерка дојде како последица на вртоглаво зголемениот број на заболени од коронавирус со што Италија стана земја со најраспространета епидемија на Ковид-19 надвор од Кина.
Ирена Ставрова
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




