16 Јануари, 2025
0.0326

AЛЕКСОВСКИ ОДБИЕН: Наследникот на Заев ќе се бира меѓу Ременски, Ковачевски и Деспотовски

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Централната изборна комисија на СДСМ денеска утврди дека три од четирите кандидатури за иден претседател на СДСМ се целосни, соопшти Славјанка Петровска. Одбиена е кандидатурата на Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од Куманово и тој бил известен за тоа. Според информациите Алексовски не го исполнува условот од статутот, најмалку еднаш да бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Инаку како што веќе јави Фактор Фросина Ременски, една од кандидатите за претседател на СДСМ претпладнево објави фотографија со изборен постер како Кандидат бр.1. 



Освен Ременски за претседателската функција ќе се тркаат и Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

Ременски на својата интернет страница денеска објави текст во кој споделува претходни изјави дека нејзината кандидатура била неочекувана, бидејќи се лицитираше со други кандидати. 

„Очекуваам поддршка од сите искрени членови на СДСМ - младите, жените, старите заборавени борци ..., од сите што се вградиле во партијата и придонесоа за победата во 2016 година. Не е време за дворски игри, подметнувања и суети - време е да засукаме ракави за победа, вели Ременски.

Програмата на Деспотовски се вика „Концепт 28“ во која, според него, фокус се луѓето.

Ковачевски ја достави кандидатурата со програмата „Заедно, одговорно и посветено“ по што на својот фејсбук-профил напиша дека „во време на предизвици со кои се соочува македонското општество одговорно е да се преземе чекор, да се делува.

Изборот за нов претседател на партијата се одржува по оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на вториот круг од локалните избори, преземајќи одговорност за како што изјави тој лошите резултати од изборите.

Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера. 

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено