АЛИТАЛИЈА ОДИ ВО ЗАБОРАВ: поранешната италијанска национална авиокомпанија ги отпушта преостанатите вработени
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2024
Поранешната италијанска национална авиокомпанија Алиталија започна колективни процедури за отпуштање на своите преостанати 2.059 вработени, им беше кажано на синдикатите на компанијата, објави денеска АП.
Овој потег доаѓа во време кога банкротираниот наследник на Алиталија, ИТА Ервејс, се соочува со пречки во плановите за спојување со германската Луфтханза.
Според пишувањата на италијанските медиуми, преговорите за спојување се заглавени откако италијанското Министерство за економија ги отфрли предлозите на Луфтханза за прилагодување на цената за 41 отсто од акциите на ИТА Ервејс.
„Луфтханза“ тврди дека италијанската авиокомпанија ќе ја загуби вредноста поради лошите перформанси во четвртиот квартал од годината и дека компанијата ќе се придржува до условите од договорот од 2023 година за својата инвестиција во ИТА Ервејс.
Во меѓувреме, Алиталија, која е под специјална управа и се движи кон конечна ликвидација, планира да ги отпушти останатите вработени до крајот на годинава.
Конечното намалување на бројот на вработени вклучува и отпуштања на повеќе од 1.100 стјуардеси и 82 пилоти, кои ќе стапат на сила од јануари, се наведува во писмото што администрацијата минатата недела го испратила до синдикатите на авиокомпанијата, пренесува Танјуг.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.