22 Ноември, 2024
0.0282

„Алкалоид“ ја пушти во функција својата нова професионална дигитална платформа за медицински професионалци

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

При одбројувањето на третата година од глобалната пандемија, како и сиот свет така и нашата компанија мина низ процес на брзи промени и на трансформација на работењето на сите нивоа. Социјалната дистанца и динамиката на дејностите во кои работиме налагаа одржување чекор со новините и со трендовите во здравството и во фармацијата преку алтернативни начини на комуникација, кои вклучуваат современи дигитални алатки.

Во духот на нашето мото „Здравјето пред сѐ“, а во својство на една од алките во спрегата медицина – фармација – пациенти, сметаме дека нашата одговорност во процесот на функционирање на овој систем во услови на пандемија е особено значајна, па затоа пуштивме во функција нова иновативна веб-страница, посветена на македонските здравствени професионалци,„Алкалоид пронет“.

Станува збор за проект кој е единствен од ваков вид во земјава и во регионот, наменет за континуирана поддршка на здравствените професионалци при нивната секојдневна грижа за пациентите, преку современа дигитализирана мрежа за размена на информации. 

Покрај информативно-едукативни содржини од областа на здравството, оваа мрежа содржи и детални информации за фармацевтското производствено портфолио на „Алкалоид“ (регистрирани лекови, медицински средства и додатоци во исхраната), како и неколку основни рубрики:

  • Терапевтски области – со содржини од повеќе различни области и специјалности од медицината
  • Алатки – терапевтски водичи, дијагностички тестови, прашалници и калкулатори, кои се користат во секојдневната медицинска пракса
  • Од вашите колеги за вас – содржи научни трудови и специјализирани статии на различни медицински теми, елаборирани од еминентни имиња на македонското здравство
  • Настани и вебинари – каде што може да се проследат повеќе виртуелни работилници на кои стручни лица зборуваат за актуелни теми од областа на медицината.

Целта на „Алкалоид пронет“ е да се развие во детален и во релевантен информатор за македонските здравствени професионалци, со тенденција во иднина да прерасне и во регионална платформа.

ПР Објава                


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria