19 Декември, 2025
0.1412

„Алкалоид“ работи по највисоки еколошки стандарди

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2014 11:08

Добивај вести на Viber

Алкалоид АД – Скопје успеа да ги добие сите интегрирани еколошки дозволи – А за усогласување со оперативниот план за заштита на животната средина. Од компанијата велат дека ова е писмена потврда за заложбите во делот на грижата кон животната средина, како еден од перманентните принципи на деловната политика која ја води со децении. По добиената А-дозвола во 2012 година за усогласување со оперативниот план на Алкалоид АД – ПЦ Фармација за локалитетот Автокоманда, компанијата деновиве ги доби и останатите две дозволи за инсталациите, за коишто, согласно со Законот за животна средина, беше потребно да се изработи апликација со оперативен план и да се достави до Министерството за животна средина и просторно планирање. Новодобиените А-дозволи за усогласување со оперативниот план се однесуваат на Алкалоид АД – ПЦ Програма Хемија и за Алкалоид АД – ПЦ Фармација, двете со локација во општина Ѓорче Петров. Поради усогласување со законската регулатива во земјава и со закoнодавствството на ЕУ, како и заради интегрирано спречување и контрола на загадувањето, Алкалоид уште во 2007 година ги отпочна подготовките за добивање интегрирана еколошка дозвола, потфат за кој се вложени над половина милион евра, информираат од фармацевтската индустрија. „Со ова Алкалоид доби и официјално признание дека е компанија која во текот на секојдневните производствени операции се грижи за интегрирано спречување и за контрола на загадувањето на животната средина“, стои во соопштението од „Алкалоид“. Рокот за обезбедување интегрирани еколошки дозволи за големите компании истекува на 1 април, но дел од нив најавија дека ќе бараат продолжување затоа што немале доволно време да ги воведат високите еколошки стандарди.    

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии