22 Ноември, 2024
0.0307

„Алкалоид“ со 175 нови вработувања, двојно зголемени инвестиции од над 1,1 милијарди денари и раст на консолидираните продажби од 8 отсто во првите девет месеци

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Нашата најголема фармацевтска компанија „Алкалоид“ ги објави финансиските извештаи за првите девет месеци од годинава. 

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2020 година, продажбите достигнуваат 6.900.199.436 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8.929.099.884 денари, што е за 8 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 9 отсто, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 7 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 35 отсто се остварени на домашен пазар, додека 65 проценти се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21 отсто, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 8 отсто, а на другите пазари се остварени 3 проценти од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 43 отсто, Албанија бележи раст од 36 отсто, Романија раст од 30 отсрто, Грузија раст од 15 отсто, Ерменија раст од 15 отсто, САД раст од 14 отсто, Словенија раст од 12 отсто, Србија раст од 12 отсто итн.

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85 отсто. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 22 проценти, кардиолошките препарати со 15 отсто, невролошките препарати со 14 отсто, антибиотиците заземаат 13 отсто  од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3 проценти, козметиката со 8 отсто, а билкарството учествува со 4 проценти.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.474.095.030 денари, бележи зголемување од околу 13 отсто, додека единечната нето-добивка изнесува 846.140.649 денари и е зголемена за 11 проценти.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.547.989.921 денари и бележи раст од 16 отсто, додека консолидираната нето-добивка во износ од 847.483.426 денари (13,8 милиони евра) е зголемена за 15 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-септември 2020 година, изнесуваат 1.178.726.785 денари, што е за 96 отсто повеќе во однос на истиот период од 2019 година.

Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година.

Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во Р.С.Македонија. На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата.

Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-септември 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.400,00 денари или просечно 12.070,36 денари за една акција, што претставува раст од 35 отсто во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 30.9.2020 изнесуваше 17.9 милијарди денари.

Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2019 година, предвидува инвестирање на околу 14 отсто од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од најмалку 7 отсто на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7 отсто на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година.

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на COVID 19. 

„Ние во ‚Алкалоид' презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во текот на вториот и третиот квартал дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирањена порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидности на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година“, велат од компанијата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени