19 Декември, 2025
0.0717

Алтернатива: Уапсен поранешниот заменик-директор на Национални шуми за илегално обложување

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2024 14:48

Добивај вести на Viber

Алтернати излезе со соопштение во кое информира дека за приредување на нелегално обложување е уапсен доскорешниот заменик-директор на јавното претпријатие „Национални шуми“, Сафет Мифтари, кадар од партијата Алијанса за Албанците.

„Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за
наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен
шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик
директор на Македонски шуми.
Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира
нелегално интернет коцкање.
Овој чин не само што претставува сериозно кршење на законот, туку јасно
покажува дека семејствата за кои неговата партија тврди дека ги
заштитува, всушност се жртви на криминални активности, поддржани од
нивните лидери.
Еве зошто опозициските пратеници на Ахмети и Села не сакаа да го
поддржат барањето за автентично толкување на законот за игри на среќа
поднесен од ВЛЕН, чија цел е отстранување на коцката од домовите. Затоа
што си ги штитат своите кадри кои се до гуша заглавени во криминални
зделки поврзани со коцкање

После ваков скандал, Европскиот фронт го губи правото да зборува било
што на тема справување со коцкањето, бидејќи самите предизвикуваат тешки
последици за граѓаните, особено за младите, со единствена цел – да си ги
збогатат сметките со нелегално коцкање“, гласи дел од објавата што ја лиферуваше попладнево Алтернатива.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот