18 Декември, 2025
0.0441

Алжирскиот авион ја променил рутата – се урнал во Нигер?

Објавено во: Свет 24 Јули, 2014 14:22

Добивај вести на Viber

Авионот на алжирската авиокомпанија Ер Алжир, кој утрово исчезна од радарите над Мали, најверојатно го променил курсот на летање и се урнал во соседниот Нигер. Според првичните информации, во авионската несреќа нема преживеани меѓу 110-те патници и 6 членови на екипажот. Воздухопловните власти информираа дека непосредно во близина на границата меѓу Мали и Алжир, пилотот побарал промена на курсот заради намалена видливост и близина на друг патнички авион. Набрзо потоа, авионот кој летал од Буркина Фасо до Алжир исчезнал од радарите, а се претпоставува дека се урнал во близина на Ниамеј во Нигер, што е подалеку од неговата првична рута. Во Мали во тек е племенска војна, но експертите ја исклучија можноста авионот да бил соборен, затоа што завојуваните страни не поседуваат такво оружје. Како можна причина за катастрофата се наведуваат и лоши временски услови и пустинска бура во овој дел на Африка. Министерот за сообраќај на Франција Фредерик Кувије објавил дека најголемиот број од патниците во авионот биле француски државјани. Екипажот пак бил шпански, затоа што чартер авионот бил во сопственост на приватната шпанска компанија „Свифтер“, додека „Ер Алжир“ само раководел со летот.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“