Амбасада на САД: Бејли не ја посетил ДИК, не е време за лажни вести
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 10:55
Американската амбасада во Скопје реагира на натписите во дел од медиумите кои известуваа дека амбасадорот, Џес Бејли се мешал во работата на Државната изборна комисија.
Велат дека ова е неточно и дека се загрижени за овие дезинформации.
„Со загриженост го забележуваме ова неточно известување, кое тврди дека американски амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување на лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретна со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија, ниту пак интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен“ - се вели во соопштението.
Ова вклучува и преглед на жалби и приговори, во согласност со македонските закони, наведуваат оттаму.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




