19 Декември, 2025
0.1701

АМБАСАДОРОТ НА САД ВО СКОПЈЕ ИМА ПОДДРШКА ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ: Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ не држат вода!

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 17:44

Добивај вести на Viber

Американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли ја има поддршката на администрацијата во Вашингтон, изјавил претставникот од Стејт департментот Мајк Тонер по повод барањата на група републикански конгресмени да биде сменет амбасадорот во Македонија поради пристрасно однесување и мешање во политиката на земјава.

Коментирајќи ги наводите на поедини македонски медиуми дека амбасадата на САД во Скопје не зборува во име на новата американска администрација, Тонер истакнал дека нема промена во американската политика кон Македонија.

„Американската политика во Македонија е да ја поддржи евроатлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел.

„Тоа вклучува поддршка на демократските реформи, владеење на правото и целосна примена на Договорот од Прижино“, рекол вршителот на должноста портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик.

Тонер потврдил дека правецот на дејствување за Бејли и неговиот тим да „работат на партнерство со македонските власти, како и граѓанското општетство на унапредување на американската политика се цели на САД“, истакнувајќи дека департментот има целосна доверба во амбасадата во Скопје.

МИА вчера пренесе дека републиканскиот конгресмен Кристофер Смит го повикал новиот американски државен секретар Рекс Тилеросон да го разреши амбасадорот во Скопје Џес Бејли и побарал да се истражат активностите на амбасадата во Скопје која ја обвини за пристрасно обвинување и застанување на една страна.

Во извештајот од Вашинготн, МИА наведува дека Смит е на чело на група од шест конгресмени кои во јануари од амбасадорот Белји побарале објаснување на тврдењта на владеачката гарнитура дека амбасадата на САД во Скопје работи во корист на политички партии и дека финансира проекти од Фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија, а со текстот е објавен и факсимил писма со потписи.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци