08 Декември, 2025
0.0560

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2025 18:42

Добивај вести на Viber

По повод  јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду. Во рамките на посетата беа презентирани инвестициите во напредна технологија, дигитализација и иновациите во производство на цемент и нови еко производи. Беа презентирани и проектите за унапредување на заедницата кои компанијата ги реализира во континуитет.

Амбасадорите имаа можност да се запознаат со клучните достигнувања на компанијата, меѓу кои и континуираните инвестиции во модернизација и намалување на CO₂ емисиите, преку употреба на алтернативни горива и користење на обновливи извори на енергија, со што емисиите на CO₂ се намалија за над 10 %. Беше презентиран и развојот на автономен систем за оптимизација на производството во реално време, преку кој значително се зголеми ефикасноста на производството, се намали потрошувачката на енергија и се подобри квалитетот на производите.

Дипломатите го посетија и „Иноваториум“ – едукативниот клуб наменет за јакнење на вештините на младите, нивна поголема едукација и имплементација на нови методи и техники во изучувањето на СТЕМ науките - математика, технологија, инженерство и техника - што компанијата го реализира во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје. За само неколку месеци, преку 200 ученици поминаа обука за 3Д печатење во „Иноваториумот“.

„За нас, 70 години постоење не значат само традиција, туку и обврска за иднината. Како дел од ТИТАН Групацијата, со гордост ги споделуваме нашите достигнувања во областа на декарбонизацијата, дигитализацијата и одговорната соработка со заедницата. Сакаме да продолжиме да бидеме двигатели на промени, градејќи мостови меѓу индустријата, иновациите и одржливоста. Благодарни сме што амбасадорите беа дел од овој значаен момент за нашата компанија“, истакна главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николаоу.

Дел од посетата беше и обиколка на постројките за алтернативни горива и мониторинг центарот, каде амбасадорите добија увид во реалните процеси на иновативно и еколошки свесно производство.

Посетата претставува уште една потврда за отвореноста и транспарентноста на ТИТАН Усје, како и за заложбата на компанијата да биде доверлив партнер на меѓународната заедница, локалните институции и пошироката јавност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј