15 Мај, 2024
0.0833

Американците незадоволни од очекуваната најава на војна во Сирија

Објавено во: Свет 07 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

По неуспешниот обид да се издејствува согласност за политичко решение на состанокот Г20 во Санкт Петерсбург, најавата на американскиот претседател, Барак Обама, дека во вторник ќе се обрати до нацијата во врска со граѓанската војна во Сирија, веќе наголемо почна да се толкува како најава на воен напад. Веднаш по веста дека Обама го планира обраќањето, за кое се очекува дека ќе го има свечениот карактер на обраќање од Овалната соба, која обично се користи за најава на воени напади, пред Белата куќа се појавија првите демонстранти. - Многу сум разочаран. Ова не е промената за која го гласавме, мислевме дека е човек на мирот, затоа и доби Нобелова награда за мир. Но, сега сака да почне нова војна, кога многу луѓе во Америка страдаат. Уште сме во банкрот од претходните две војни, затоа сме толку длабоко во долг. Имаме 23 милиони Американци без работа, состојбата ни е ужасна. Штотуку одбележавме 50 години од Маршот на Вашингтон на Мартин Лутер Кинг и оваа одлука не е во согласност ниту со доктор Кинг, кој беше мирољубив човек - изјави еден од првите демонстранти кои се појави пред Белата куќа, која беше под засилено полициско обезбедување. Во меѓувреме, Сенатот ја стави на агендата резолуцијата за одобрување на употребата на сила против Сирија, која неделава беше изгласана во Комисијата за надворешни работи. Обама смета дека ќе ги добие потребните 60 гласови во Сенатот, но резолуцијата би требало да биде усогласена и со Претставничкиот дом каде отпорот за војната е далеку посилен.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“