28 Април, 2024
0.0262

Американски камшик, наместо колачи!

Објавено во: Економија, Колумни 29 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Американците подготвуваат нов приод кон Украина. Деновиве во Киев беше помошникот државен секретар Викторија Њуланд, најомилената американка во Украина. Но после посетата нејзината популарност сигурно ќе опаѓа. Таа во Киев имаше средби речиси со сите што значат власт во земјата. Почнувајќи од претседателот, па премиерот, претседателот на парламентот, па се до народните пратеници. „Њуланд дојде со „план за капитулација“ на Украина“ извикуваат некои пратеници, други пак тврдат дека Стејтдепартментот упатил барање за „амнестија на терористите и избори во Донбас“, а аналитичари додаваат дека дојде времето на „камшик наместо колачи“. Која и да е вистината од посетата на Њуланд, јасно е дека Американците сакаат сериозно да се зафатат со Украина. Патем, Њуланд е претходница на посетата на американскиот министер за надворешни работи, Џон Кери, која таа ја најавила во Киев.Се чини дека активностите на Американците се последица на разговори со Русите околу тоа, како да се разреши кризата во Украина. Да не заборавиме, пред извесно  време, руски дипломати истакна дека би било добро и САД од своја страна да помогнат во Украина, независно од т.н. “Нормандиска четворка“, која ја сочинуваат Русија, Германија Франција и Украина. Украинците отсекогаш беа за вклучување на Американците во разрешувањето на кризата во Украина, дури настојуваа да се прошири форматот на преговори со нивно вклучување во „четворката“. Сега, како што се гледа, САД ќе се вклучат, но надвор од таа група, а во тесна соработка со Франција, Германија и Русија. По средбите на Њуланд со народните пратеници во јавноста излегоа некои од нив и прераскажаа дел од она што се разговарало со неа. Па така,   Викторија Војцицкаја од партијата „Самопомош“ тврди дека „Стејтдепартментот настојува Украина да внесе измени во уставот, во поглед на „специјалниот статус“ на окупираните територии во Доњецката и Луганската област, да се спроведат избори на окупираните територии што побрзо, а исто така да им даде амнестија на терористите“. Според неа, Њуланд барала „Минските договори да се имплементираат до крајот на 2016 година, и тие се без алтернатива. Иако се лоши, Украина како држава со нив се согласила“. Секако се разговарало и за други работи. На пример, за работата на новата влада, нејзините приоритети, борбата со корупцијата, но и потребите од пари на Украина, пред се од ММФ, од кого се очекува нова транша. Како и барањата на Украина да се продложат санкциите на Западот кон Русија. Во средината на годинава ЕУ секако ќе расправа за нив, а подоцна за нив ќе стане збор и на Самитот на НАТО во Варшава. Тука Њуланд ги предупредила Украинците дека сето тоа зависи од спроведувањето на Минските договори. Доколку Украина го спроведе својот дел, тогаш санкциите ќе бидат породолжени до 2017 година, во спротивно, тие можат да бидат укинати. Ако се види реалната состојба во Украина таа се уште не е подготвена да ги спроведе Минските договори. Јавното мнение, според некои најнови истражувања е против давањето на специјален статус на Донбас. Податоците од едно истражување објавени вчера, покажуваат дека 56,4 проценти од испитаниците не го поддржуваат спацијалниот статус, додека за него се изјасниле 23,8 отсто од испитаниците, додека 19,8 немале одговор на тоа прашање. Испитувањето е спроведено на териториите кои се под контрола на централната власт, но не и оние кои се под контрола проруските сили. Не треба да се заборави дека во Украина има заговорници и за воено решение на кризата. Податоците од истражувањето и притисоците за воено решевање на кризата само ја поткрепуваат тезата дека украинските власти со спроведувањето на Минските договори ќе си „пукаат во нога“, а тоа значи дека тие ќе мораат да ги сносат последиците од таквиот чекор. За претседателот Петар Порошенко тоа можеби би значело и пат кон оставка, како и на целата влада. Но вистината е неумолива. Договорите мораат да се спроведат. И не може се да се фрла врз Русија. Дотолку повеќе што таа не е потписник на договорите. Потписници се Украина и претставниците од Доњецката и Луганската област. Тоа што Запад ја повикува Русија да ги спроведе Минските договори значи само да изврши притисок, нејзините „миленици“ од Донбас да го исполнат нивниот дел од договорите. Веројатно може да се зборува за некаков договор меѓу Русија и САД, секој да врши притисок врз оние врз кои има влијание. Веќе подолго време не се зборува за некаква нова држава која би се формирала со одвојување на делови од Украина. Дури, повеќе од тоа, лидерите на Доњецката и Луганската област сега зборуваат дека и тие се за целосност на Украина, но се разбира со давање посебен статус на нивните територии. И со амнестија и со заштита на рускиот јазик. За Украина е од полза што таа ќе ја врати контролата врз најзината територија. Но, за сето тоа да се заврши како што е предвидено во договорите, очигледно ќе бидат потребни притисоци. Впрочем ние знаеме како беше со Охридскиот договор. Кога си влегол во преговори треба да знаеш дека никогаш нема да добиеш се што сакаш. Некои во Украина сметаат дека треба да се работи со САД и ЕУ на „омекнување“ на Минските договори, заборавајќи дека возот за тоа помина пред повеќе од една година кога се преговараше во Минск. Отворањето нови преговори ќе биде уште попогубно за Украина. Американците сакаат изборите да бидат до јули. Вчера претставникот на Стејтдепартментот, Марк Тонер, изјави дека „Главна работа што нас не вознемирува е тоа што изборите треба да одговараат на меѓународните стандарди, да одговараат на Уставот на Украина. Ако тие се спроведат до јули и одговараат на тие услови, мислам, дека ќе ги поздравиме“. Повторно за неколку дена Американците го споменуваат Уставот. А во него треба да се вгради „специјалниот статус“, работа која тешко ќе оди. А кое е решението? Да се изгуби поддршката од САД и Западот? И парите од ММФ. Или замрзнување на конфликтот? Во Украина има некои заговорници и на ова последново. Демек, ако се замрзне конфликтот, тоа ќе значи дека Русија и натаму ќе има големи трошоци за поддршка на проруските сили. А во состојба на економска криза во Русија, тоа ќе ја натера да крени раце од тие сили. Ваквата разврска, наводно би им одговарала и на Американците. Ова може да се прифати доколку Украина е таа која би ги диктирала условите за решавање на конфликтот во иднина. Но не треба да се заборави дека со одлагањето на побрзото решавање, таа само ќе има поголеми загуби, а барањата на просуските сили ќе бидат се поголеми. Уште повеќе ако тие на своите територии успеат да основаат самоодржлива државна форма. Таму веќе се издаваат нивни пасоши, се зборува за посебна валута, а нема да изненади да се побара обединување со Русија. Во таков случај не ќе може да се зборува за некаква целосност на Украина. Украинската држава е пред голем предизвик. Џон Кери при неговата посета најверојатно ќе ги посоветува Украинците да го одберат помалото зло. И што побрзо да ги спроведат нивните обврски од договореното. Играњето на картата дека работите можат да се одолговлекуваат и дека Барак Обама, американскиот претседател, во јануари идната година ќе замине од функцијата, па сега не мора да се подлегне на американските притисоци е губитничка варијанта. Освен тоа Обама секако би сакал пред своето заминување да има некаков надворешно политички успех како миротворец. Ако не друго, барем да ја оправда Нобеловата награда за мир. Донел мир во Украина! Што нема да биде мала работа. Настрана од ова, Украинците ќе немаат гаранција дека и новиот американски претседател нема да ги притиска. А што ако тоа биде Доналд Трамп, кој уште од сега е склон за потесна соработка со Русија? Мирче Адамчевски  

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука