АМЕРИКАНСКИ ПОЛИТИЧАР ПОВИКА САД ДА ЈА ДЕПОРТИРААТ СЕЛЕНА ГОМЕЗ: Таа избрала илегалци пред државата
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2025
Oткако актерката и пејачка со мексиканско потекло, Селена Гомез плачеше поради депортирањето на мигрантите, политичарот на американскиот претседател Доналд Трамп, Сем Паркер, ја повика владата на САД да ја депортира Гомез.
Паркер е првиот што повика Селена Гомез да биде депортирана, како приказ дека не смее да постои толеранција за поддржувачите на „спротивната страна“.
Селена е родена во САД и е американски државјанин. Нејзините баба и дедо го напуштиле Мексико и дошле во САД.
„Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци пред Америка, таа е потомок на третата генерација на мексикански илегалци кои добиле државјанство во Амнестијата во 1987 година. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините родители илегалци“, напиша Паркер.
Селена му даде недвосмислен јасен одговор на Паркер.
„О, господине Паркер, господине Паркер. Благодарам за смеењето и заканите. Ги вбризгувам твоите солзи во моите вени“, порача Гомез.