ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ, ВАУЧЕРИ, БОНУСИ: Дали работодавачите ќе бркнат „подлабоко“ во џебот за да ги задржат квалитетните работници?
Објавено во: Економија 29 Јануари, 2025 07:32
Зголемување на плати, делење на награди, бонуси, можности за работа од дома, скратено и флексибилно работно време. Се смета дека сето ова ќе помогне работниците да се чувствуваат дека се вреднувани, во ситуација кога има одлив на работната сила од државата. Некои работодавачи нудат бонуси за своите вработени по повод верски празници, годишнини од основањето на фирмата и слично. Граѓаните велат дека работниците мора финансиски да бидат стимулирани за да не си заминат од земјава.
„Работникот прво мора да ја сака својата работа, да работи посветено, но и газдата треба да го награди со некој бонус. Не мора секој месец, но кога има некој повод, да додели бонус или нешто како 13-та плата“, вели граѓанка.
Друг постар човек чии три деца се иселиле, објаснува дека газдите треба да бидат подарежливи и според него, неколкупати годишно треба да ги наградат работниците со бонуси.
„Моите деца се во странство, но секако дека газдите треба на работниците да им даваат бонуси. Тоа на работниците им дава волја да работат. Парите ги тераат луѓето да работат. Неколкупати годишно нека ги наградат, инаку ако парите не стигаат од 1-ви до 1-ви, нормално дека луѓето нема да се мотивирани да работат“, објаснува Живко Ј. пензионер.
Друга жена која поседува фирма, вели дека тие практикуваат да делат бонуси.
„Понекогаш има и бонуси, но работниците никогаш не се задоволни“, додава Билјана М. сопственичка на компанија.
Газдите на македонските фирми имаат многу начини да ја зголемат продуктивноста на вработените и нивното задоволство од работата, порачаа минатата недела од Асоцијацијата за искуство на клиенти и вработени. Работа од 4 дена неделно во канцеларија, а еден ден од дома е застапена во повеќе земји.
„Kaj нас за шивачките ако се исполни норма, ако сработат повеќе, ако искусниот го научи неискусниот како треба да работи, има награда. За Нова година работниците добиваат пакетчиња за децата, а за 8- ми Март, има ваучери за работничките, да си купат нешто од одредена фирма“, велат од текстилна фирма во внатрешноста.
Дел од работодавачите објаснуваат дека треба да постои колективно, но и индивидуално наградување на најдобрите работници. Секој што дал придонес за развој на компанијата, да почувствува дека е ценет на своето работно место.
„Мора да има стимулирање на работниците, така е секаде, не само во хотелиерството. Сите работници кои вредат се стимулирани, има различни начини за тоа. Секој го наоѓа својот начин и тоа оди со преговорите, што сака, што бара тој работник долгорочно. Оние што се вредни се секогаш унапредени, одат напред со труд“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.
Се смета дека македонските компании од словенечките треба да учат како да создадат пријатен амбиент за работниците. Инаку, на македонското стопанство му фалат илјадници работници.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/EyeEm
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





