30 Јануари, 2025
0.0281

Апасиев: Поради пензионирани поштари, граѓаните не знаат дали платиле за струја

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Сметките за електрична енергија веќе извесен период не стигнуваат на домашна адреса кај дел од  домаќинствата. Потрошувачи од центарот на Скопје се жалат дека веќе неколку месеци не добиле сметка, по што ги исклучуваат од мрежа поради неподмирени долгови. 

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, како што напиша на социјалните мрежи,тоа е така поради пензионирање на извесен број поштари,па нема кој да им доставува сметки и писма на граѓаните.

„Поради одење во пензија на неколку ПОШТАРИ, на пола општина Аеродром не им стигаат сметки и писма (има примери кога те исклучуваат за струја или пропушташ рок за жалба, оти немаш достава)!? И ова трае од ноември месец. И си трае, си трае, си трае... И така додека не умреме, ваљда“,објави пратеникот.

Од универзалниот снабдувач ЕВН Хоме претходно ни рекоа дека имаат договор со АД Пошта за доставување на сметките, но дека од таму неколку години по ред не ги извршуваат задачите целосно.

„ЕВН Македонија ги користи услугите на Македонска пошта за достава на фактури за потрошена електрична енергија до корисниците. Компанијата има на располагање голем број онлајн услуги, дел од што е и електронската достава на фактурите.

На страницата evnonline.mk на многу брз и едноставен начин корисниците може да се регистрираат за добивање на фактурите за електрична енергија по електронски пат или да креираат кориснички профил „Мој ЕВН Хоме“ и во секое време да бидат во можност да преземат фактури.

Со овие услуги фактурите ќе ги добиваат навремено и го ќе избегнуваат моментот на недобивање на истите. Освен тоа, за добивање на фактура корисниците може да се обратат во нашите Кориснички енерго центри и Контакт центарот на ЕВН Македонија“, гласи стандардниот одговор од снабдувачот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?

(ВИДЕО) БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Мицкоски го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

(ВИДЕО) БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Мицкоски го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

ДЕВОЈЧИЊА ИСТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА: Тепачката ја снимиле и ја објавиле на социјалните мрежи

ДЕВОЈЧИЊА ИСТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА: Тепачката ја снимиле и ја објавиле на социјалните мрежи

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град на југот

ПОВТОРНО ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град на југот

ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКО ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ: Поведена истрага

ЖИТЕЛ ОД РАДОВИШКО ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ: Поведена истрага

ОД СОВЕТНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА, ДО АМБАСАДОР ВО ФРАНЦИЈА: Еве кој ќе биде во амбасадата во Париз

ОД СОВЕТНИК ЗА ЗДРАВСТВЕНА ПОЛИТИКА, ДО АМБАСАДОР ВО ФРАНЦИЈА: Еве кој ќе биде во амбасадата во Париз

ХИРУРГ ОД БИТОЛА ФАТЕН СО ОБЕЛЕЖАНИ ПАРИ ЗА ПОТКУП - полицијата го приведе, еве ги деталите

ХИРУРГ ОД БИТОЛА ФАТЕН СО ОБЕЛЕЖАНИ ПАРИ ЗА ПОТКУП - полицијата го приведе, еве ги деталите