05 Декември, 2025
0.1309

САМО ВО ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА – НЕ РАБОТАТ АМА ПЛАТА ИМ ЛЕГНУВА НА СМЕТКА: ревизорите за работењето на ПИОМ

Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2025 09:57

Добивај вести на Viber

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во текот на 2023 година ангажирал лица кои добивале плата, ама постои сомнеж дали тие се појавиле на договорените работни места.

Ова е една од забелешките на Државниот завод за ревизија, од каде укажуваат на бројни недоследности во работењето на Фондот. Сепак, еден од аспектите кои се особено проблематични е вработувањето на над 200 граѓани кои добивале плата преку Фондот, но работните задачи не ги извршувале.

- Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерство за финансии врз основа на член 9 од Законот за трансформација на работен односсогласно кој институциите можат да ангажираат лица над 1 процент од вкупниот број на вработени и со поголемо времетрање врз основа на обезбедена согласност од МФ. Лицата се ангажирани за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места на Фондот, за кои исплатени се средства во износ од 50.377 илјади денари– се појаснува во ревизорскиот извештај на ДЗР.

Ревизорите укажуваат дека на поголем дел од ангажираните лица договорите им престанале со важност во јуни 2024 година. Но, притоа нагласуваат дека со извршениот увид во доставената документација биле утврдени бројни нерегуларноти.

- Иако лицата се ангажирани за извршување на работи и работни задачи согласно актот за систематизација не е извршено соодветно пополнување на испразнетите работни места при што на одредени работни места постои недостаток, а на други превработеност. На ревизијата не и е презентирана евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски во Фондот во согласност со склучените договори– објаснуваат од ДЗР.

Воедно додаваат дека овие лица немале обврска да достават месечни извештаи за работа, што е уште еден показател дека најверојатно само земале плата, без да се појават на работното место.

- Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат месечни извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани. Поголем дел од презентираните договори не се потпишани од страна на извршителите. Ангажирањето на лица по договор за дело на редовни работни обврски во Фондот не е во согласност со член 30 од Законот за административни службеници со кој е утврден начинот на пополнување на работните места и создава можност од субјективен пристап при одлучувањето на изборот на лицата и влијае на квалитетот, сигурноста и одговорноста за извршените работни задачи – се нагласува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите исто така посочуваат дека начинот на кој се реализирани овие расходи не се во согласност со член 2 од Законот за извршување на буџет за 2023 година согласно кој буџетските корисници се должни, буџетските средства да ги користат наменски, рационално, економично и ефикасно.

Поради сето ова, ревизорите препорачуваат одговорните лица за управување и раководење на Фондот да преземат мерки и активности за трајно решавање на проблемот со испразнетите работни места во Фондот и истите да ги пополнуваат со вработени лица во редовна законска постапка.

Од друга страна Фондот утврди и други недоследности, меѓу кои и изборот на в.д. директор на Фондот, од страна на Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување без согласност од Владата

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката