Добивај вести на Viber
Министерството за финансии на Русија го ангажираше американскиот банкарски гигант „J. P. Morgan“ како консултант со цел да го подобри својот имиџ.
Соопштението за оваа соработка доаѓа неколку дена откако заменик-министерот за финансии Сергеј Сторчак најави дека е можно ревидирање на кредитниот рејтинг на Русија, пренесе Франс Прес.
Министерот не прецизира дали станува збор за зголемување или се намалува рејтингот, но на пазарот се верува дека ќе стане збор за намалување поради значително забавување на економскиот раст и забрзување на инфлацијата. Намалувањео на рејтингот ќе довде до раст на трошоците за позајмување во Русија и притисоци врз буџетот, кој оваа година се очекува да биде во дефицит.
Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс", „Мудис" и “Фич" на Русија и дадоа слични оценки БББ, Баа1 и БББ. Москва па за цел до 2016 година си постави да има повисок кредитен рејтинг.
Русија во јануари ја ангажираше американската инвестициска банка „Голдман Сакс "како официјален советник за економијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.