18 Декември, 2025
0.0648

Американци ја тужат AB InBev зошто ставала вода во пивото Бадвајзер

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2013 12:44

Добивај вести на Viber

Американски потрошувачи ја тужат пиварата Anheuser-Busch InBev (AB InBev) , производител на пивото Бадвајзер поради тоа што пивото го разредува со вода за да на тој начин ги намали трошоците и да ја зголеми добивката. Како што пренесуваат американските медиуми, група на американски потрошувачи бараат оштета од пиваратa која би можела да достигне до десетина милиони долари. Белгиско-бразилскиот производител на пиво ги отфрла обвиненијата како неосновани, пренесува Ројтерс. Според тврдењата на адвокатите AB InBev во неколку врсти на пиво, вклучувајќи го и Бадвајзер во содржината го навела процентот на алкохол различно отколку што навистина го има. „Пивото најверојатно се разредува непосредно пред да се наполнат шишињата и со тоа се залажуваат потрошувачите„ велат тужителите, но своите обвиненија не ги засноваат на независни тестови, туку на наводни изјави на поранешни вработени во компанијата. Главната тужба која според правниците може да донесе и оштета од десетина милиони долари за конзументите на пиво е поднесена во судот во Сан Франциско, а се подготвуваат тужби и во Њу Џерси, Пенсилванија и во други американски држави. Планирано е да бидат покренати 12 судски процеси, а туќителите ги повикуваат и другите потрошувачи да се придружат на овие тужби. AB InBev соопшти дека во четвртиот квартал лани профитот на компанијата се намалил за 4,9% како резултат на промена на финансиските трошоци, а нето добивката во тој период е намалена на 1,76 милиојарди долари од 2,85 милијарди долари споредено со последниот квартал од 2011 година. AB InBev е најголем производител на пиво во светот, а негови најпознати пива се Бадвајзер, Бад, Стела, Старопрамен, Бекс.      

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“