Амнести: Етничкото насилство во Косово
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2015 12:04
На Косово и понатаму постојат проблеми од меѓуетничко насилство, притисок и напади на новинарите, враќање и реинтеграција на раселените и дискриминација на малцинствата.
Ова е оцената која ја изнела организацијата Амнести Интернешенел во годишниот извештај за граѓанските права.
„Меѓуетничките тензии продолжуваат и понатаму, посебно на северот. Некои српски политичари се спречени да влезат на Косово, а некои косовски Срби, меѓу кои и иселеници биле напад на нивниот имот, гробови и верски објекти“ се наведува во извештајот на АИ.
Нападите се, интензивирале, се додава во извештајот после фудбалскиот наптпревар Србија - Албанија во октомвери и ицидентот со беспилотното летало.
АИ подсетува дека во јуни, по конфликтот на косовската полиција и албанците кои демонстрирале против затворање на мостот кај Ибра на Косовска Митровица, припадниците на Еулекс испукале гумени куршуми, иако нивната употреба е забранаета.
Меѓународната организација очекува властите на Косово да извршат притисок врз медиумите и дека новинарите се изложени на закани и напади.
„Владата и државните агенции во голема мера влијаеа на медиумите преку големиот капитал за нивните приходи од реклами“ се наведува во извештајот.
АИ истакнува дека ќе продолжат нападите на истражувачките новинари и потсетуваат дека новинар од весникот Експрес Вусар Џуриќ добил сериозни закани за смрт после неговото пишување за организацијата Исламска држава.
Здружението на професионални новинари, се додава во извештајот, изразило загриженост дека Еулекс извршил притисок врз новинарот на Коха диторе Вехбија Кајтазија, кој пишувал за наводна корупција во Еулекс.
АИ наведуваат дека 1,655 лица се водат и понатаму за исчезнати и потсетува на протестот на роднините исчезнати поради укинување на месечна претплата од 135 евра кога телата на нивните семејства се пронајдени.
„УМНИК не успеа да обезбеди оштета, вклучувајки ја и надокнадата, на исчезнатите роднини на косовските срби, по препорака на Советодавниот комитет за човекови права“ стои во извештајот.
Ромите, Ашкалите и Египјаните и понатаму се жртви на раширената и систематска дискриминација, а од нивната интеграција се применуваат само неколку мерки, оценуваат од АИ.
До ноември од Косово емигрирале околу 360 семејства, односно околу 1700 луѓе, и побарале азил во Унгарија.
Повеќе од 17,200 луѓе, воглавно косовски срби, и понатаму се раселени, според податоците на агенцијата ОН за бегалци, а до ноември само 404 членови на малцинската заедница доброволно се вратиле на Косово, „каде нивните услови за нивна реинтеграција се и понатаму крајно неадекватни“.
Азил во земјите на Еу до октомври побарале 11,00 луѓе од Косово, се додава во извештајот на АИ.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




