Добивај вести на Viber
Да се поделат придобивките и обврските на крајот на една врска ретко е лесeн потфат. А сепак, ако Шкотска се отцепи од Велика Британија, тогаш оваа поделба ќе биде многу посложена отколку кај обичен развод. Лесни одговори нема, а инаку така заводливата за многумина Шкоти, идеја да се разделат со обврските на Британците може да се покаже како доста скапа за нив.
Шкотски политичари кои се искажуваат во корист на поделбата, нудат земјата да преземе дел од долговите на Велика Британија. Но во замена тие сакаат да останат во монетарна унија со Британците - а на тоа се противат останатите три земји во Обединетото Кралство.
Една од варијантите за распределбата на долгот предвидува тој да биде пресметан по глава на жител. Тогаш Шкотска би добила 8,3% од долгот на Велика Британија. Бруто долг на Шкотска потоа ќе биде во висина од околу 90% од бруто домашниот производ.
Но има и друга опција - Шкотска да добие историски пресметан дел од долгот, при која опција ќе се земат предвид и високите даноци кои северниот сосед ги плаќал во минатото на Кралството. Така Шкотска би изостанала со полесна за неа опција, а според Moody's во ова сценарио долгот ќе биде во износ од 45 проценти од БДП. Но Британците тешко ќе се согласат на таков договор.
И двете опции укажуваат дека Шкотска ќе продолжи да ја користи британската фунта како валута. Но тоа ќе биде прифатено од остатокот на Велика Британија само во случај ако Шкотска даде во замена повторно значителен дел од својата независност, која штотуку би ја освоила, имено правото да одредува својата сопствена фискална политика. Инаку - зачувувањето на монетарната унија со политички независна во однос на даноците Шкотска би предизвикало вистински гнев во остатокот на земјата.
Политичарите кои промовираат независност на Шкотска, се закануваат дека ако земјата не биде компензирана доволно за новодонесенот долг, тогаш таа, во случај на одлука за одвојување, ќе одбие да го преземе својот дел од обврските. Тогаш на Шкотите сепак ќе им треба сопствена валута - токму она што тие се обидуваат да го спречат. Прашањето дали независна Шкотска со нов долг ќе функционира на ист начин како во времето на Унијата и со Британците, би им наштетил на кредитоспособноста на земјата од гледна точка на најголемите рејтинг агенции, а тоа ќе ги зголеми енормно трошоците за добивање на позајмени пари.
Генерално, сепак идејата за слободна од долгови Шкотска може брзо да се покаже само како фантазија. Дури и ако земјата при евентуалното одвојување не прифати никакви обврски на Британците, таа ќе мора да заземе брзо големи количини пари, за да може да го финансира својот државен апарат.
Ако Шкотска ја воведе фунтата како сопствена валута, долгот ќе се зголеми до најмалку 41% од бруто домашниот производ, пресметува UBS. Ако фунтата се поврзе со сопствена валута, тогаш долгот ќе скокне до најмалку 58% од БДП. По примерот на други земји, кои се прикачени на друга валута, се испоставува дека Шкотска при секој случај ќе има потреба од дисциплинирана фискална политика.
Неодамна земјите од еврозоната научија по болен начин колку скапа може да биде една таква разделба. Притоа валутниот сојуз е едвај десет години. Шкотска е дел од Велика Британија 307 години. Соодветно и трошоците за расипување на овој сојуз се очекува да бидат многу повисоки.
К.К.