18 Декември, 2025
0.0631

АНАЛИЗА НА Д-ДИМЕРИ И ЦРП ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ-СКОПЈЕ: Пациентите ќе ги прават во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и Драчево

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2021 07:14

Добивај вести на Viber

Од понеделник во три поликлиники во Скопје ќе почне да се прават лабораториски анализи на двете клучни вредности, кои според лекарите покажуваат во која насока се движи здравствената состојба на пациентите заболени од Ковид-19. Граѓаните бесплатно, со упат од матичен лекар ќе може да ги проверат вредностите на Д-Димерите и ЦРП во амбулантите на Бит Пазар, Јане Сандански и Драчево.

Директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски за Фактор потврди дека овие услуги, кои сега ги овозможува Фондот за здравствено осигурување ќе може да почне да се прават од понеделник во трите споменати поликлиники.

-Ова е новина од Фондот за здравствено осигурување, а станува збор за следење на вредностите на Д-Димерите и ЦРП. Новиот лабораториски упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV-2) -“ЛУ1-COVID-19“, што го креираше Фондот за здравствено осигурување ќе го издаваат матичните лекари за нивните пациенти. Услугата е бесплатна, односно пациентите за овие биохемиски лабораториски услуги ќе треба да платат само партиципација. Со ова им се олеснува и на матичните лекари и на пациентите да не мора да одат во Ковид-центрите, боллничките установи да ги направат потребните анализи, вели д-р. Исјановски.

Истовремено посочува дека терминот за испитување на биохемиските лабораториски вредности во т.н. Пакет за Ковид-19 ќе трае еден час односно ос 11 до 12 часот, бидејќи претходно ќе се прават другите анализи за останатите пациенти.

Матичните лекари со кои контактираше Фактор велат дека ваквите биохемиски испитувања во Здравствен дом-Скопје, се исклучително важни и за нив и за пациентите кои се позитивни на корона вирусот и кои мора неколку пати да направат анализа на крвта за време на лекувањето. 

-За нашите пациенти и досега издававме упати за да ги испитаат вредностите на Д-Димери и ЦРП во крвта и во приватните лаборатории, и во другите јавни здравствени установи. Оваа услуга која сега ќе почне и во трите скопски поликлиники ќе биде олеснување и за нас, но пред се и за нашите пациенти. Со вредностите на Д-Димерите и ЦРП кај одреден пациент ние имаме јасна слика во кој правец се движи инфекцијата со Ковид-19. Во случај ако вредностите на Д-Димерите значително отскокнуваат, даваме упати за специјалистички прегледи, се консултираме со колеги интернисти, инфектолози, препишуваме антикоагулантска терапија. Ако, пак се зголемени вредностите на ЦРП препишуваме антибиотска терапија. Вушност ова се клучните вредности за здравствената состојба на некој пациент кој е заразен со корона вирусот, и добро е што сега овие биохемиски анализи ќе се прават и во Здравствен дом-Скопје, посочуваат матичните лекари.

Инаку, има пациенти кои за време на прележувањето на болеста по неколку пати прават испитувања на вредностите на Д-Димерите и на ЦРП. До крајот на годинава овие анализи не беа на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување, заради што имаше и бројни реакции во јавноста поради тоа што станува збор за навистина скапи анализи. Од минатиот понеделни, односно од 4. Јануари ФЗОМ го воведува новиот образец, односно Лабораториски упат за „Пакет за Ковид-19“, односно “ЛУ1-COVID-19“.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери