АНАЛИЗА НА ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС: Ако се промени власта следат „црни“ денови во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019 16:25
Според Фајненшл Тајмс, „црни“ денови би можеле да следат доколку се промени власта во Северна Македонија.
По евентуалната промена на власт во Северна Македонија и можното доаѓање на националистите кои се спротивставија на Договорот со Грција за промена на името, Балканот може повторно да зачекори во црни денови, прогнозира британскиот весник Фајненшл тајмс во новата ананализа за случувањата после Брисел.
„Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметен како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, стои во написот.
Авторот пишува дека Макрон со својата блокада ја торпедирал политиката на проширување на ЕУ и дека ја лишил од еден од најголемите инструменти за надворешна политика. На овој начин, посочува авторот, Макрон може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа.
„И се тоа потекнува од лидер кој тврди дека е пример за европски дух на солидарност и соработка“, додава авторот.
Се наведува дека барањата за нова методологија за преговори не се доволна причина да не отпочнат преговорите за членство со Македонија и Албанија, затоа што тоа е процес кој би траел најверојатно со децении.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




