25 Ноември, 2024
0.0258

Анализа на пазарот на недвижнини: Објекти со канцеларии кои ја зголемуваат продуктивноста на вработените има и во Македонија

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Ново време, нови предизвици кои од компаниите бараат да преземат мерки за подобрување на организација во работењето. Последните истражувања покажуваат дека работниот простор е еден од најважните фактори за зголемување на продуктивноста на вработените во една компанија.

Според истражување на Ипсос, дури 85 отсто од вработените се чувствуваат несреќно поради работниот простор, додека кај 33 проценти од вработените е забележано зголемување на задоволство од работата при ергономски изглед на истиот.

Друго истражување, на глобалниот институт McKinsey, утврдено е дека за 20 до 25 проценти се зголемува продуктивноста на вработените, доколку тие се подобро поврзани. Еден од начините да се достигне тоа е добрата организација на просторот

Како треба да изгледа работниот простор за да се исполнат овие очекувања?

Елена Икономов, магистер по архитектура од Платформа, компанија за архитектура и внатрешно уредување за Фактор вели дека просторот за работа во денешно време е вистински предизвик и е покомлексна работа од она што се подразбираше до неодамна.


Таа е категорична дека деловните простории треба да имаат можност често да бидат менувани и адаптирани, со цел да ја следат динамиката на работење на една компанија.

Клучна предност, според Икономов е да добиете неконвенционални работни места кои можат да го менуваат своето место, изглед, при што повеќе нема да има јасни граници меѓу класични канцеларии и јавен простор, поради што се потребни отворени простори со комплексна мрежа на инсталации кои ќе овозможат менување на начинот на користење на просторот во кратки временски интервали.


Но, дали постои таков деловен простор во Македонија, кој нуди ваква флексибилност и ефикасност?

Агенциите за недвижнини во Македонија кои ги контактиравме, велат дека деловни објекти има неколку, но единствено во главниот град и повеќето според нив се во строгиот центар или во близина на центарот на градот, локации кои се компромитирани од континуираната гужва и недостигот на паркинг простор.  Во моментов дел од нив особено тие кои се во Центар се издадени, но клучна причина за се помалиот интерес за нив е поради фактот што просторот често не одговара на потребите на компаниите. По структура најголем интерес во моментов имаат ИТ компаниите и тие кои работат во таканаречени кол центри.


Постојат неколку објекти во градот кои можат да задоволат неколку елементи на ова барање, а од Агенцијата Импулс и компанијата Платформа, како најсоодветен го посочуваат Премиум деловниот центар, во кој како што велат освен флексибилноста во уредувањето, има уште неколку важни предности како што е лесната препознатливост на локацијата, која патем не е далеку од центарот на градот, лесниот пристап до комуникациите надвор од градот, аеродромот.


Премиум деловниот центар, оддалечен само 2 километри од центарот на Скопје, нуди простор за изнајмување од над 12.000 квадратни метри додека корисната површина на секој од шесте ката е по околу 1.500 квадратни метри и нуди флексибилно уредување на работната средина, онака како што компанијата го замислила просторот. 


Катовите се на располагање како отворен канцелариски – океански простор, со завршен под со теписон и спуштен плафон, а поделбата на канцеларии може да биде направена со гипс или стаклени ѕидови. 


Инаку, објектот е енергетски ефикасен, а има и сопствен паркинг простор за околу 200 возила, надворешен и подземен на три нивоа.

Ова според Икономов е голема предност за компаниите кои се ориентирани кон раст. Таа вели дека архитекот понатаму може да ја препознае приказната на компанијата и тоа да прерасне во една успешна и растечка фирма.


Инаку светските трендови на изградба полека се менуваат и исто така повеќето новоизградени објекти во урбаните метрополи се во ваков стил.


Секако и кај нас се забележува извесна промена, а компаниите почнуваат да бараат деловен простор кој не е е дел од станбен објект или друг пренаменет објект, туку простор кој ќе биде лоциран во деловна околина, и преку синергија со истата ќе ги ползува нејзините предности.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“