01 Декември, 2024
0.0271

Се топат еврата на штедните книшки!

Објавено во: Анализа 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Се топи штедењето во депозити . Не запира трендот на намалување на штедењето во евра. Како клучни причини се посочуваат неизвесноста од разврската со должничката криза во Европа и се погласните предупредувања дека ризиците сеуште демнат. Последните податоци на Народната Банка покажуваат дека заклучно со септември, салдото на вкупните депозити изнесува 3,8 милијарди евра и во однос на август, на ниво на вкупната депозитана база е забележан тренд на пораст . Вкупни депозити 3,8 милијарди евра денарски депозити 2,0 милијарди евра девизни депозити 1,8 милијарди евра Но додека денарското штедење расте , податоците покажуваат дека има намалување на депозитите во странска валута . Во септември тие изнесувале 1,7 милијарди евра и во однос на претходниот месец се намалени за 21 милион евра . Централната Банка веќе соопшти дека во структурата на вкупното штедење , за прв пат по 2007-ма , денарското штедење го намина штедењето во евра . И во септември не запре трендот на намалување на депозитите на прватниот секетор. Народната Бнака објави дека салдото на овие депозити во август изнесуваше 856 милиони евра и за еден месец се намали за 21,4 милиони евра, по што во септември вкупните депозити на приватниот сектор изнесуваат 856 милиони евра. Намалување не се забележува само кај депозитите во странска валута туку и кај кредитите во странска валута . Во септември, според НБМ, вредноста на вкупните кредити изнесува 3 милијарди 531 милион евра. Вкупни кредити 3,5 милијарди евра Денарски кредити 2,6 милијарди евра Девизни кредити 0,9 милијарди евра Додека кај денарското кредитирање се забележува пораст, кредитите во странска валута во септември во однос на август се намалиле за 18,6 милиони евра . Кредитите во странска валута во септември се спуштија на ниво од 894 милиони евра, додека во август изнесуваа 913 милиони евра. Според последните мерења вкупната кредитна задолженост на компаниите кон банките достигна речиси 1,4 милијарди евра . „Во фокусот на случувањата на меѓународните финансиски пазари се растечките политички и финансиски притисоци во Грција, како и проблемите во банкарскиот систем и јавните финансии во Шпанија. Неповолните услови на пазарот на труд и недоволната кредитна поддршка од банкарскиот сектор дополнително ги влошуваат перспективите за економската и финансиската состојба во евро-зоната“, посочува Народната Банка.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.