23 Ноември, 2024
0.0333

Анализа: Странските компании ја билдаат технолошката тежина на индустријата

Објавено во: Економија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Кој го генерира индустриското производство? Кои се компаниите од преработувачката индустрија кои во последните години фатија ритам и го зголемуваат учеството во додадената вредност на македонската економија? Анализа на структурата на индустријата покажува дека иако бавно, во земјава, компаниите кои се со поголема технолошка интензивност имаат с епоголемо учество во индустриското производство. Анализата е на Народната банка, а според добиените факти технолошки поразвиените компании се повеќе заземаат значајно место, да тоа најмногу се должи на влезот на странските компании во домашната економија.

„Во рамки на групата со низок степен на технолошка интензивност, кај поголемиот дел од дејностите се забележува намалување на учеството, со исклучок на производството на текстил и производството на мебел. Пад на структурното учество се забележува и кај најголем дел од дејностите коишто се дел од групата со среднонизок степен на технолошка интензивност, при што намалувањето е најизразено кај производството на метали, производството на други неметални минерални производи, како и кај производството на кокс и рафинирани нафтени производи. Во останатите две групи, трендовите се во обратна насока. Ваквото поволно поместување главно се поврзува со влезот и работењето на повеќе нови странски капацитети ориентирани кон извоз, дел од нив во сегменти коишто традиционално имаа занемарливо учество во индустријата, стои во анализата на Народната банка

Преработувачката индустрија има релативно големо и стабилно учество во додадената вредност на македонската економија коешто, во просек, за периодот од 2005 до 2018 година изнесува 9,5 проценти од вкупниот БДП, иако во периодот од 2014 година наваму нејзиниот удел постојано се одржува над овој просек. Околу 19 отсто од вкупниот број вработени лица работат во преработувачката индустрија, а во последните години се забележува забрзан раст на бројот на вработени во секторот.

Во анализираниот период, постои тренд на намалување на учеството на традиционалните индустрии, односно индустриите коишто се одликуваат со понизок степен на технолошка интензивност, за сметка на зголемување на учеството на индустриите со повисок степен на технолошка интензивност. Така, во 2018 година, во споредба со 2005 година, структурното учество на категоријата индустрии со средновисока технологија е повисоко за дури над 21 процент, на индустриите со висок степен на технолошка интензивност повисоко за 1,3 проенти, додека кај индустриите со среднонизок и низок степен на технолошка интензивност е забележано намалување на учество во структурата на вкупната преработувачка индустрија.

Од Народната банка велат дека од анализата на индустрискиот сектор од аспект на степенот на технолошка интензивност може да се заклучи дека од 2005 година наваму, структурата на преработувачката индустрија во нашата економија бележи поволни промени, односно расте учеството на производството со повисок степен на технолошки развој, за сметка на традиционалните индустриски дејности со понизок степен на технолошка интензивност. Ваквата промена во значителен дел од поместувањето се поврзува со приливите на странски инвестиции и отворањето нови компании коишто работат и произведуваат во сектори со повисок степен на технолошки напредок.

„Преку јакнење на непосредната соработка на новите компании со домашните производствени фирми, ваквите поволни трендови би се прелеале и на останатиот домашен сектор, што секако би се одразило поволно на степенот и брзината на вкупниот технолошки развој на нашата економија, велат од НБРМ.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria