Андоновски: Болниците се полнат и ако сами не си помогнеме постои можност трагично да ја изгубиме оваа битка
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Октомври, 2020
Жалосно е што досега апелите за почитување на мерките не допреа до граѓаните и не вродија со никаков резултат, вели доктор Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања во Козле.
„Жалосно е што сите во ваков миг кога целиот свет е во светска војна со овој невидлив непријател, со оваа смртоносна болест. Сите ние го занемаривме овој факт и за миг заборавивме дека овој невидлив непријател постои и одзема животи. Досега здравствениот систем беше беспрекорно менаџиран, но веќе сме соочени со фактот дека севкупниот персонал иако добро балансиран и раководен веќе е преморен. Болниците се полнат и ако сами меѓусебно не си помогнеме несомнено постои можност да трагично ја изгубиме оваа битка, но пак повторно би поскал да оваа реалност ја свртиме во наша корист и сплотено и со голема свест се здружиме и го победиме оваа зло, оваа болест која е огромен и непредвидлив непријател“, вели Андоновски.
Во градската болница „8-ми Септември“ има само неколку слободни места.Деновиве бројките на заразени се алармантни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.