Андов: Иванов да му го даде мандатот на Заев, но и да се обрати во Собранието пред изборот на влада
Објавено во: Македонија 12 Март, 2017 11:37
Очекувам во скоро време Иванов да ја промени одлуката и да го даде мандатот на Заев, со тоа што ќе си сочува право и ќе бара право кога ќе се бира владата да му се овозможи специјално обраќање во Собранието каде ќе ги каже сите овие негови забелешки. Тоа може да биде солуцијата која би можело да значи да почне да се работи веќе.
Ова го изјави првиот претседател на Собранието во независна Македонија Стојан Андов, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Запрашан околу условувањето на мандатот за Заев од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов, Андов смета дека претседателот го прекршил Уставот.
„ За се има нешто првпат, па и овде сега нас тоа првпат ни се случи да одбие претседателот да даде мандат на лицето кое покажува дека во парламентот има мнозинство. Причината тој сам ја наведе. Тоа е главната причина за него. А за да се разјаснат работите околу тоа колку е тоа точно, колку не е точно, важна причина е што тоа не е сторено сега, тоа е да се објави писмен документ за договорот врз основа на кое е постигнато тоа парламентарно мнозинство, со што ќе се отстранат сите проблеми околу тоа и ќе се докаже оти стравувањата на Иванов не се точни. Тоа е помалата причина. Главна причина е што тој не го почитуваше Уставот по членот 90 што му е исклучива обврска“, рече Андов.
Според него, тактички се погреши од страна на трите партии на Албанците во Македонија што некако лошо го поставија целото прашањето на реформите.
„Настрана каде е подготвена таа платформа, туку и што тоа се постави како документ земи или остави, да нема разговор за тоа, туку тоа да е диктат. Кога нешто се сака да се постигне како договор има смисла само ако за тоа се разговара и ништо претходно не е готово и не е непроменливо. За се може да се разговара. Тоа беше таа грешка и таа грешка придонесе за една голема да речам национална мобилизација на Македонците. Мислам дека во цела таа работа има многу фалш работи, многу погрешно разбрани работи погрешно сервирани работи и мислам наскоро кога ќе почнат да се разјаснуваат работите ќе се смири и таа мала нервоза во меѓуетничките односи“, рече Андов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




