02 Мај, 2024
0.0254

Анемичен раст на економијата

Објавено во: Економија, Колумни 12 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Ако се земе двигателот на растот во 2015, градежништвото, може да се види дека тоа генерирало 39,5 милијарди денари нова вредност. Но, од овие 39,5 милијарди, само 11.5 милијарди денари завршиле кај работниците. Или, гледано низ призма на растот, околу 84% од растот на новододадената вредност (т.е. доходот) во градежништвото во 2015 година завршил во рацете на сопствениците на градежните фирми, а само 10% во рацете на градежните работници(остатокот е амортизација). Или, работниците, кои всушност ги изградиле патиштата со нивниот труд, добиваат само трошки, а сопствениците на фирмите, кои само ги добиле градежните тендери, го собираат кремот. Слична е состојбата и во трговијата, другата дејност која има позитивни движења во 2015. Таму, околу 8% од растот завршил кај работниците, а 74% кај сопствениците. Растот на БДП во 2015 изнесуваше 3.7%. Тоа е генерално на линија со проекциите од крајот на 2014. НБРМ, на пример, во октомври 2014 прогнозираше дека растот во 2015 ќе изнесува 4.1%. Секако, проекциите од крајот на 2014 не ја имаа предвид политичката криза. Кога, некаде во пролетта 2015, стана јасно дека протестите и политичката криза ќе потрајат, многу економисти коментираа дека растот значајно ќе забави и дека е малку веројатно да биде околу 4%, како што претходно се очекуваше. Јас, на пример, неколку пати изјавував дека ќе биде околу 2%. Прогнозата беше базирана на студии од други земји, кои покажуваат дека политички кризи слични на нашата го забавуваат растот за околу 2 процентни поени. Дали тогаш може да се каже дека политичката криза не се одрази на економската активност? Не би се согласил. Напротив, би кажал дека кризата се одрази на економијата, но дека владата презеде мерки за да го ублажи тој ефект. Имено, од целиот економски раст во 2015, околу една половина отпаѓа на само една дејност – градежништвото, кое порасна за 18% во 2015 година, и стана втора дејност во нашата економија, по трговијата, а пред индустријата (по константни цени). Поточно, без градежништвото, економскиот раст во 2015 ќе изнесуваше 2%. Растот на градежништвото беше особено присутен во втората половина од годината, кога стана јасно дека економската активност ќе забави. Во првата половина, додадената вредност во градежништвото порасна за околу 4%, а во втората, за околу 32%. Растот целосно се должи на нискоградбата, т.е. градењето патишта од страна на државата, кое се интензивираше во вториот дел од годината. Така, во првите 5 месеци на 2015, нискоградбата имаше годишен раст од 8%, а во наредните 7 - од 146%. Од друга страна, кај останатите дејности е видно забавувањето на активноста. Индустријата, на пример, имаше пад во 2015, исто како и земјоделството и уметничките, културните и другите услужни дејности. Комуникациите и дејностите поврзани со недвижен имот имаат раст, но тој раст беше побавен отколку претходната година. Единствено трговијатаимаше забрзување на растот во 2015. Затоа, и покрај тоа што вкупниот раст на БДП во 2015 година на прв поглед делува задоволително (задоволително, со оглед на околностите), економската активност во 2015 всушност беше анемична. Но, главниот проблем со економскиот раст во 2015 година не е неговата висина или структура, туку неговата распределба. Така, ако се земе двигателот на растот во 2015, градежништвото, може да се види дека тоа генерирало 39,5 милијарди денари нова вредност. Но, од овие 39,5 милијарди, само 11.5 милијарди денари завршиле кај работниците. Или, гледано низ призма на растот, околу 84% од растот на новододадената вредност (т.е. доходот) во градежништвото во 2015 година завршил во рацете на сопствениците на градежните фирми, а само 10% во рацете на градежните работници (остатокот е амортизација). Или, работниците, кои всушност ги изградиле патиштата со нивниот труд, добиваат само трошки, а сопствениците на фирмите, кои само ги добиле градежните тендери, го собираат кремот. Слична е состојбата и во трговијата, другата дејност која има позитивни движења во 2015. Таму, околу 8% од растот завршил кај работниците, а 74% кај сопствениците. Ваквите движења не водат до благосостојба за сите, туку само ги продлабочуваат социјалнитеразлики меѓу луѓето. Затоа, потребни се промени. Бранимир Јовановиќ

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?