Ангелов: Пожарот брзо се ширеше кон Перово, но повеќе не е опасност за селото
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2025 18:52
Еден од активните пожари во преспанскиот регион е во близина на резерватот Езерани, поточно во атарот на селото Долно Перово. Првиот ер трактор се движи кон Преспа, а вториот се очекува да полета во секој момент.
„Пожарот брзо се ширеше поради ветрот кон селото Перово, но повеќе не е опасност за селото. Го гаснат пожарникари од Ресен, со поддршка од локалното население. Еден амфибија „ер трактор“ на ДЗС ја пресече линијата на огнот и им помага на силите кои гаснат од земја, да воспостават контрола врз овој тежок пожар што им се закануваше на неколку села. Наскоро ќе полета и вторит „ер трактор“, рече Ангелов во видео обраќање од терен.
Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека овој пожар е подметнат.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




