АНГЕЛОВ: Трите „Ер трактори“ на ДЗС во овој момент се нефункционални

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 16:33
Kaко што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, државата располага со четири функционални хеликоптер за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални.
„Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат“, информираше Ангелов.
Проблемот, Ангелов очекува да се надмине од новата влада, затоа што како што појасни иако директорот на ДЗС уште пред два и пол месеци побарал Владата да дозволи пензионираните пилоти да продолжат да работат со договор на дело, тоа техничката влада не го направила.
„Денеска сме недоволно подготвени, но за максимум десет дена ќе бидеме драстично повеќе подготвени, бидеќи верувам дека веднаш по формирањето владата ќе помогне да бидат ставени во функција трите „Ер трактори“ и ќе биде решен проблемот на ЈП „Македонски шуми“, изјави Ангелов.
Во ситуација, како што посочи Ангелов, кога не очекува топло и жешко лето, на ниво на државата моментално има 938 пожарникари, но потребни се уште 670 според информациите од сите територијални противпожарни единици. Најалармантна е состојбата во Пожарна Скопје. -Апелирам до сите градоначалници да примаат млади луѓе кои што се здрави и можат да одговорат на гаснењето на пожари. Во овој момент просечна старост на пожарникарите е 42,5 години.
Од опрема за гаснење на пожари на ниво на држава, располагаме со 105 цистерни со сопствени пумпи за гаснење на пожари, 33 авто-цистерни, кои носат вода, но немаат сопствени пумпи, понатаму имаме 48 противпожарни теренски возила за гаснење на пожари во шума и непристапни терени, како и 54 класични теренски возила со пумпи, 11 теренски возила, шест командни возила, две возила за превоз на луѓе и опрема и 191 пумпа. На ниво на држава располагаме со 629 заштитни опреми, што е помалку од бројот на пожарникари. Во соседството веќе беснеат пожари. Вчера имаше евакуација на предградие на Атина поради пожар.
фото МИА
Можеби ќе ве интересира
НАЈЧЕВСКА: Mора да се побара оставка од министер за внатрешни работи кој промовира и штити насилство над жена

ДАНЕЛА ГО ДЕМАНТИРА АНДРЕЈ КОВАЧЕВ: Имам чешки пасош, бугарски немам

Дали кај младите во Македонија постои страв од брак?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maж во Чаир ја нападна Данела Арсовска, партиите го осудија инцидентот

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ СЕ ПИШМАНИ: Сепак нема да има музика на плоштадот

АПАСИЕВ ДО МИЦКОСКИ: До кога ќе слугуваш на битангите од „Вреди“?

ЈАКИМОВСКИ: Барам веднаш одговорност – од МВР, од обвинителството, од сите што молчат ко да не им е гајле!

ФАТЕН НА ЛИЦЕ-МЕСТО: Жител на Огњанци предизвикал пожар на депонија

(ВИДЕО) ДАНЕЛА ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТЕПАЊЕТО ВО ЧАИР: Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК
