АНГЕЛОВ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДОЈРАН: Eдна или две куќи зафатени од огнот имаат мали оштетувања
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024
Двете куќи што ги зафати огнот во Дојран имаат мали оштетувања, вели директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Немаме изгорени куќи, туку само една или две куќи коишто се благо зафатени од огнот и имаат сосем мали оштетувања“, рече Ангелов.
Тој објави дека повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош од воздухоплови.
Претходно, Србија, Словенија, Турција, Црна Гора и Романија помагаа во гаснење на пожарите. Со денови има пожари во Македонија. Вчера постар човек од кумановско Кокошиње загина во пожарите.