30 Јули, 2024
0.0277

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Се огласи полицијата откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади. 

Министерството за внатрешни работи(МВР) објави дека ги следат случувањата во однос на наводните обвинувања кон македонски државјани. Како што информираат досега, не се пристигнати никакви барања или информации од властите во Венецуела за понатамошни проверки.

„Исто така, ја информираме јавноста дека дури и појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонија, односно по досегашното искуство може да информираме дека постои голема веројатност истите да користат ВПН (Виртуални приватни мрежи) или пак да се дел од поголема BotNet мрежа, односно да потекнуваат од таканаречени инфицирани зомби компјутери, кои се компромитирани од страна на хакери преку компјутерски вируси или малициозен софтвер и истите можат да извршат зададени задачи далечински управувани од поединци или група на потенцијални хакери. Најчесто жртви на ваквите зомби компјутери се лица кои не знаат дека нивните компјутерски системи се инфицирани со малициозен софтвер и без нивно знаење и согласност се вршат Ddos напади кои претставуваат злонамерен обид да се наруши нормалниот интернет сообраќај на зададениот сервер, сервис или мрежа за пристап до одредена цел во еден ист момент со цел блокирање, преоптоварување на истата“, велат од МВР.

Државниот обвинител во Венецуела, Тарек Сааб во понеделникот објави дека од Северна Македонија е извршен сајбер-напад насочен кон изборниот систем, кој наводно го нарушил процесот на броење гласови за време на претседателските избори одржани викендов. Нападот наводно е поврзан со адвокатот и опозициски активист Лестер Толедо. Во земјата има протести поради изборните резултати. 

Опозицијата ги оспори изборните резултати и тврди дека Едмундо Гонзалес победил убедливо со 73 отсто од гласовите. Испитувањата на јавното мислење пред изборите покажаа чиста победа на Гонзалес, кој беше поддржан од речиси сите опозициски партии во обид да го собори Николас Мадуро по 11 години на власт. Многу опозициски лидери се засолниле во аргентинската амбасада, плашејќи се да не бидат уапсени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

ХЕЛИКОПТЕРОТ ФРЛИЛ ВОДА ВРЗ ОГНЕНИОТ ОБРАЧ: Спасени се луѓето кои беа заробени во Стројменци

ХЕЛИКОПТЕРОТ ФРЛИЛ ВОДА ВРЗ ОГНЕНИОТ ОБРАЧ: Спасени се луѓето кои беа заробени во Стројменци