30 Јули, 2024
0.0325

СДСМ: Итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Oд СДСМ велат дека државата гори, а Владата на премиерот Христијан Мицкоски потфрла. Според нив, лоша е координацијата на терен.

„Гори на повеќе локации во земјава, огромна површина е веќе изгорена, над 130 километри квадратни. Страшно. Катастрофата е од преголеми размери.  Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва. Состојбата е алармантна и загрижувачка. Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува. На терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција. Се повторува истото однесување поради кое изгоре цела планина Серта. Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се касни за нивно вклучување со часови. Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине. Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи.  Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб и да преземе нешто во соодветно постапување и координацина на институциите под негова надлежност“, стои во соопштението на СДСМ.

Во околината на Куманово вчера во пожарите загина маж, а денеска голем пожар има во Дојран, но и во околината на Свети Николе, каде беа загрозени луѓе. Цел месец Македонија се бори со пожари. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa

МВР ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА: Појавувањето на македонски IP адреси во некаков наводен напад не значи дека истите изворно потекнуваат од Македонијa

ХЕЛИКОПТЕРОТ ФРЛИЛ ВОДА ВРЗ ОГНЕНИОТ ОБРАЧ: Спасени се луѓето кои беа заробени во Стројменци

ХЕЛИКОПТЕРОТ ФРЛИЛ ВОДА ВРЗ ОГНЕНИОТ ОБРАЧ: Спасени се луѓето кои беа заробени во Стројменци