11 Октомври, 2024
0.1206

Ангеловска-Бежоска за Фактор: Граѓаните да имаат потполна доверба – имаме капацитет да го одбраниме стабилниот курс на денарот

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Јавноста треба да биде целосно спокојна и да има потполна доверба во нашиот капацитет успешно да продолжиме со одбраната на стабилноста на курсот на домашната валута. Денарот останува стабилен, тврди за Фактор гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Ова следува откако во јавноста, и покрај бројните јасни ставови на централната банка дека курсот останува стабилен, повторно се појавија шпекулации околу промени на девизниот курс. Од тие причини, Фактор ја праша Народната банка дали овие гласини имаат основа. 

 Гувернерката Ангеловска-Бежоска е децидна дека воопшто нема простор за  стравувања.

„Стабилниот девизен курс со децении наназад обезбедува стабилност на македонската економија и во сите досегашни епизоди на кризи претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Да повториме – нема компромис во однос на постојниот режим на девизниот курс. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот“, нагласува гувернерката.

Според неа, и од страна на меѓународните финансиски институции, и од страна на централната банка, повеќе пати е нагласено дека оваа монетарната стратегија во целост одговара на структурните карактеристики на македонската економијата и со определбата за економска и монетарна интеграција во Европската Унија.

„Немаме дилеми дека по ова прашање одамна е постигнат општествен консензус. Оттука, воопшто нема простор да се зборува за загуби коишто би се претрпеле од ризичен настан со стабилноста на курсот, бидејќи  не постои можност таков настан да се случи“, вели Ангеловска-Бежоска.

Фактор се интересираше во НБМ од каде всушност произлегуваат овие шпеклации за можна промена на курсот и кому му оди во прилог нестабилност и недоверба кај граѓаните. Гувернерката вели дека ова не е новина и дека се случува постојано во време на кризи. 

„Појавата на шпекулации околу курсот на денарот не е никаква новина. Без исклучок, секогаш кога се соочуваме со некој шок, за жал тие се присутни и дополнително и непотребно го обременуваат целиот економски контекст. Немаме сознанија за тоа која е мотивацијата за општествено неодговорниот однос со пласирање на ваквите шпекулации. Но, со сигурност можеме да кажеме дека шпекулативните тврдења поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи. Во услови кога адекватноста на девизните резерви се потврдува преку сите релевантни показатели, нерационално е да се зборува за промена на вредноста на курсот“, нагласува Ангеловска-Бежоска.

Според неа, гаранција за стабилноста на курсот не е само високото ниво на девизни резерви, туку и широкиот инструментариум на мерки кои централната банка ги има на располагање и ќе ги искористи во одбрана на курсот, доколку е тоа потребно.

„Дополнително, би сакале да напоменеме дека од економски аспект, промена на вредноста на курсот не може да донесе бенефит за економијата во целина. Напротив. Таа може само да ги зголеми обврските за плаќање на оние чијшто долг е деноминиран во странска валута, да ја намали куповната моќ поради пораст на цените и да го поскапи увозот, од којшто многу извозници се зависни“, објаснува гувернерката. 

Интересно е, потенцира Ангеловска-Бежоска, што НБМ во изминатите неколку години постојано откупуваше вишок девизи на девизниот пазар, со што ги зголемуваше девизните резерви на природен начин.

„Но, досега никој не шпекулирал за зголемување на вредноста на денарот, што покажува дека обидите за наметнување дебата за прашањето за курсот на домашната валута, за жал не секогаш се од економски карактер“, нагласуваат од првата монетарна куќа во земјава.

Како во целиот овој период се однесуваат граѓаните и дали во последниве два месеци тие ги конвертираат своите заштеди во банките од денари во евра?

Ангеловска-Бежоска вели дека е очекувано во текот на епизода на криза, шпекулациите за девизниот курс на денарот да имаат ефект врз преференциите за конверзија во странска валута кај еден дел од населението. Но, нагласува, со самото тоа, таквите шпекулации директно им наштетуваат на граѓаните.

Односно, оние што ги менуваат влоговите од денари во евра, остануваат со пониски приходи од каматите отколку што би ги зеле доколку продолжиле да штедат во денари, а имаат и плус трошоци.

„Поконкретно, граѓаните што заради шпекулациите инвестираат во девизни депозити, остваруваат понизок принос отколку ако нивните заштеди се и натаму во денари, имајќи ги предвид каматните стапки, а истовремено и самата конверзија од денари во девизи им наметнува и дополнителни трансакциски трошоци. Во услови кога стабилноста на курсот е загарантирана, ова е непотребен трошок за граѓаните коишто преземаат таков чекор заради шпекулации“, објаснува гувернерката.

Во текот на оваа корона-криза, како и во претходните, постои одредена склоност кај граѓаните за конверзија на денарските во девизни депозити. Но, таа била најизразена кон крајот на март и почетокот на април, а сега попушта.

„Од почетокот на април наваму, трендовите се поумерени. Низ призмата на статистичките податоци, на крајот на мај споредено со крајот на минатата година, вкупните депозити на населението бележат раст од 5,5 милијарди денари, при што 40 отсто од растот е движен од зголемувањето на депозитите во денари. За споредба, во истиот период минатата година, растот на депозитите на населението изнесуваше 4,5 милијарди денари, при што половина од растот беше движен од денарските депозити. Овие бројки покажуваат одредено зголемување на преференциите за располагање со девизи, но тоа сепак е умерено, што е видливо и преку релативно стабилното учество на денарските депозити во вкупните депозити на населението. На крајот на мај тоа изнесува 53,3 отсто, без некои видливи осцилации во текот на годината“, нагласува гувернерката.

А и Меѓународниот монетарен фонд смета дека нема потреба од промена на девизниот курс на денарот, бидејќи тој е корисен за земјава. Ова го нагласуваат шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, како и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле, во интервју за МИА.

„Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс. Девизните резерви ја поткрепуваат оваа заложба на НБРСМ. Врз основа на различни показатели, сметаме дека девизните резерви се адекватни. Ако ја погледнеме покриеноста на увозот, резервите се очекува да покријат 4,6 месеци од проектираниот увоз до крајот од 2020 година, дури и според основната проекција, којашто претпоставува значително намалување на БДП, на приливот на странски инвестиции и на дознаките, предизвикано од пандемијата“, велат од Фондот во интервјуто.

Оттаму додаваат дека земјава влегла во корона-кризата со силна позиција на девизните резерви, односно со покриеност од 118 проценти, а покриеноста се проектира да остане адекватна во текот на оваа година, на ниво од 106 проценти. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

ЕВЕ КАКО СЕ ЗАГРЕВААТ ШВЕЃАНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕДЕНИТЕ ЗИМИ: А сепак не добиваат астрономски сметки за струја и парно

ЕВЕ КАКО СЕ ЗАГРЕВААТ ШВЕЃАНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕДЕНИТЕ ЗИМИ: А сепак не добиваат астрономски сметки за струја и парно