19 Декември, 2025
0.0400

„АНГЕЛЧЕ МОЕ, НЕ НИ ДОЗВОЛИЈА ЗАЕДНО ДА ОСТАРЕМЕ“ - момчето на Фросина со емотивна објава

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2025 14:10

Добивај вести на Viber

Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг - со овие зборови момчето на прерано загинатата Фросина Кулакова се огласи на социјалните мрежи, одбележувајќи ја загубата на својата сакана со компилација од заеднички фотографии. 

Младата Фросина смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, а по нејзината смрт, голем број граѓани револтирано секојдневно протестираат барајќи правда за нејзината смрт, но и за бројните изгубнеи животи на улиците низ македонија поради непочитување на законските одредби за брзината, но и поради слабите казни кои на некоја начин ги поттикнуваат возачите да возат побрзо од дозволеното. 

Петар Ристов напиша емотивен текст и сподели компилација на фотографии од убавите моменти со Фросина. Истовремено, видно револтиран, упати порака дека ќе се бори до последен здив правдата да биде задоволена. 

Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. 

Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. 

Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин.

Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој - напиша Ристов на Инстаграм. 




Фото: Принтскрин/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот